19 Април, 2024
0.0303

НИШТО ОД РАДОСТА ЗА КАМАТИТЕ: Максималната стапка за граѓаните ќе биде 5,75 отсто, но само за новите кредити

Објавено во: Финансии 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Каматните стапки за граѓаните за постојните кредити, односно оние кои веќе ги отплаќаат кон банките, нема да се променат. Ова важи и за каматите на кредитните картички и за минусите на тековните сметки, кои веќе им се одобрени и ги користат граѓаните.

Банкарите за Фактор објаснуваат што всушност значи новата Уредба со законска сила за примена на Законот за облигационите односи за време на вонредна состојба, која Владата ја донесе на седница во четвртокот минатата недела, а веќе е објавена и во Службен весник.

Според банкарите, со новата Уредба, каматните стапки кај физичките лица максимум смеат да изнесуваат 5,75 отсто.

Но, ова ќе важи само за новоодобрените кредити за населението. Значи, сите нови договори за кредити за граѓаните што тие допрва би ги склучиле, нема да смеат да имаат камати повисоки од 5,75 отсто. 

Но, ова правило нема да важи и за старите, односно за постојните кредити. Тоа значи дека сите досега склучени договори за кредити си остануваат по старо, односно нема да им се намалат каматните стапки.

Во принцип, каматите на станбените и на потрошувачите кредити се движат од 3 до 5 отсто, што значи дека се всушност и пониски од новата максимално дозволена камата, но затоа многу високи, околу 10 отсто, се каматните стапки на кредитните картички и на дозволените минуси на тековна сметка.

Додека, пак, според Уредбата, за правните лица, односно за фирмите, максималната дозволена каматна стапка сега ќе биде 6,75 отсто и нема да смее да има камата над оваа стапка. Ова ќе важи и за новите и за старите кредити. Но, како што за Фактор објаснуваат банкарите, за компаниите и сега речиси и да нема камата на кредит која е повисока од овој износ.

Според банкарите, ова е пресметка направена врз основа на сегашното ниво на основната камата, односно на референтната каматна стапка која е одредена од Народната банка.

Според уредбата, оваа камата сега ќе се одредеува месечно, што значи ќе важи за април, за разлика од порано кога се утврдуваше за период од шест месеци.

„Стапката на казнената камата се определува на месечно ниво и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата). Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец, и тоа во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата)“, се наведува во Уредбата.

Во неа се додава и дека при пресметката на казнената камата се користи последната референтна стапка утврдена и објавена на веб страницата од Народната банка.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин