14 Мај, 2024
0.0352

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Објавено во: Македонија 28 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски засега нема договор со поголемите партии, чии кандидати се тркаат во вториот круг од претседателските избори, во однос на поддршката за некој од нив. Во изјава за МИА, Димитриевски вели дека за гласовите добиени на негово име нема морално ни етичко право да бара да се гласа за некој од кандидатите во вториот круг од претседателските избори.

„Имаше куртоазни честитки на тие кои добија најголема поддршка, од моја страна и на професорката Давкова, па и на господинот Мицкоски. Нема договорено во овој момент ниту една коалиција. Како ќе одлучи партиското раководство на партијата, така и ќе постапиме“, рече Димитриевски.

Барајќи ја поддршката од граѓаните во Струга за кандидатските листи на Движењето ЗНАМ, Димитриевски додаде дека тој лично ќе излезе и ќе гласа на вториот круг од претседателските избори.

Претходно денеска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека се слушнал со Максим Димитриевски и оти ја очекува неговата и поддршката на Движењето ЗНАМ за нивната претседателска кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од изборите за шеф на државата.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада