АЕК ќе ја троши милионската заштеда за да помогне во кризата
Објавено во: Економија 06 Април, 2020 07:00
Агенцијата за електронски комуникации ќе ја троши заштедата од повеќе од 7 милиони евра собрана од претходните години за да помогне во борбата со економската штета предизвикана од корона вирусот. Тоа значи дека безмалку заедно ќе се потрошат 16 милиони евра.
Регулаторот кој се финансира од телекомуникациските оператори предлага ревидиран годишен финансиски план за 2020 година на кој на постоечките 520.550.000 денари ќе ги придодаде вишокот финансиски средства од минати години во износ од 296.253.971 денари и
вишокот од претходна година во износ од 140.167.545 денари
по оданочување, или вкупно 436.421.516 како нереализирани средства.
Најмногу од овие пари ќе се трошат на капитални инвестции, кој инаку не беа значително планирани за 2020. Сите пари, или безмалку 200 милиони денари, ќе се потрошат на антенскиот систем за контрола и мониторинг на Водно. Од нив, 2,5 милиони евра ќе бидат за изградба во текот на годината, а останатите за надзор и за проектантскиот надзор.
Дел од парите ќе се распределат за донации, каде што на планираните 6 милиони денари, ќе се придодадат сега уште 60 милиони денари. Овие милион евра од АЕК велат дека ќе служат за борбата против Ковид-19.
Ќе се трошат повеќе пари за купување софтвер и хардвер и агенциски услуги и разни системи. Плус 56,5 милиони денари ќе бидат користени за дополнителна опрема, како и дополнителни 30 милиони денари за информатичка опрема. Ќе се трошат повеќе пари за службите и секторите.
Ќе се даваат повеќе пари за пдообрување на животната средина и обуки. За еднократна парична помош на вработените се овозможени 20 милиони денари на инаку по старо испланирани 500.000 денари. По неколку милиони денари ќе одат за осигурување, хигиена, наемнини, одржување, логистика и поправки.
- Комисијата оцени дека со реализацијата на истите во Годишниот финансиски
план за 2020 година, ќе се овозможи тековно функционирање на редовното работење
и ќе се поттикне развојот на електронските комуникации и информатичкото општество
и ќе се обезбеди добробит за сите граѓани во Република Македонија, се вели во одлуката на АЕК.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





