20 Мај, 2024
0.0303

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Мала анализа на Фактор за изборните резултати од вчерашните парламентарни избори, околу тоа која партија колку гласа освои, колкава е разликата, и која партија може да се смета за онеправдана во однос на бројот на освоени гласови согласно со изборниот модел.

ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори доби историска победа, односно освои дури 431.084 гласа, што претставува дури 43,22 отсто од вкупно преброените гласачки ливчиња на граѓаните. 

СДСМ, пак, успеале да ја освојат добербата на 153.195 гласачи, што е 15,36 отсто од вкупно излезените.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на овие парламентарни избори е 277.889 гласа. Тоа е најголемата разлика досега на парламентарни избори меѓу овие две партии.

На овие гласови ВМРО-ДПМНЕ добија 58 пратенички места, што се случи по последното пребројување на ДИК на над 99 отсто од гласовите, откако претходно, по пребројување на околку 94 отсто од местата, се сметаше дека таа партија ќе има 59 пратеници.

СДСМ, пак, на првичното пребројување имаа 19 места, за потоа нивниот скор да се намали на 18 мандати, и со тоа да станат трета партија по бројот на освоени мандати.

Во тој дел СДСМ се практично „поткинати“, бидејќи имаат поголем број гласови од ДУИ, а ДУИ ќе има 19 мандати. Значи, ДУИ имаат 137.485 гласа, или 13,79 отсто од гласовите, и 19 пратеници, а СДСМ со 153.195 гласачи ќе имаат 18 пратенички места.

Односно, ДУИ е трата по број на гласови, а втора по број на мандати. 

А, нивниот главниот политички конкурент ВЛЕН, освои 106.991 глас, што е 10,73 отсто од вкупниот број гласови. И, со овој скор тие ќе имаат 13 пратенички места. 

Уште една битка се биеше меѓу два своевидни конкуренти, односно политички партии кои се еден вид „трет“ пат, во услови на поларизација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се Левица и Знам. 

Тука Левица имаат причини за револт, бидејќи имаат 11.800 гласа повеќе од Знам, а двете партии ќе имаат ист број пратенички места, односно по шест.

Или, Левица има 67.327 освоени граѓански гласа, што е 6,75 отсто од преброените ливчиња, додека, пак, Знам освоиле 55.527 гласови, или 5,57 проценти. 

Гром на Стевчо Јакимовски има 4.543 гласа или 0,46 отсто, а Нова Алтернатива на Данела Арсовска освоила 3.438 гласа или 0,34 отсто. 

Политичка партија АВАЈА, која е ромска, освоила 2.909 гласа или 0,29 отсто од гласовите, а Твоја партија има 1.738 гласа или 0,17 проценти. Единствена Македонија има 1.680 гласа или 0,17 отсто, Родина Македонија 1.092 или 0,11 отсто, Македонска Ера Трета – Суверенисти имаат 958 или 0,10 отсто, Политичка партија ДЕМОКРАТИ Скопје имаат 904 гласа или 0,09 отсто, Работничка партија има 437 гласачи или 0,04 отсто, Европско граѓанско движење со 241 или 0,02 отсто.

А, она што мора да се издвои и посебно зачудува, е кои се тие 527 лица кои гласаа за политичката партија Десна на Љупчо Палевски, кои освоија 0,05 отсто. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа