20 Мај, 2024
0.0373

Зибери: Заев и Мицкоски, вие не сте сопственици на оваа земја

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Вие не можете да го негирате правото на Албанците да имаат премиер Албанец, вие не сте газди и сопственици на оваа земја, им порача Насер Зибери кандидатот на ДУИ за премиер, на лидерите на СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. 

Вели дека ја прифатил идејата на ДУИ затоа што верува во неа. 

„Како пратеник неуморно се залагав за заштита на правата на Албанците, а бев и член на преговарачкиот тим кој во името на Али Ахмети работеше на постигнување мир, кој беше крунисан со Охридскиот договор. Убеден сум дека оваа задача ќе ја исполнувам во името на сите граѓани, не само на Албанците туку и на другите заедници, без оглед на националноста, религијата, политичката припадност“, рече Зибери.

ДУИ од Преспа ја започна предизборната кампања под мотото „Време е за премиер Албанец“.

Зибери пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката, односно за цело ова време работи како нотар. 

Во 90-тите како кадар на ПДП влегува во политиката и во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев претходно изјави дека мандатар може да биде човекот кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. 

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно кажа дека тој е кандидат за премиер, Заев е кандидат на СДСМ, а ДУИ треба да каже кој е нивниот кандидат. 

Можеби ќе ве интересира

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола