20 Мај, 2024
0.0276

Занаетчиите не се “загреани“ за државните субвенции

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

На први ноември истекува рокот за државните субвенции наменети за занаетчиите што се делат преку министерството за економија. Станува збор за вкупна сума од 20 .000 евра или по најмногу 5 .000 евра за еден проект. Досега се поднесени пет апликации. “Апелирам до сите занаетчии да аплицираат за субвенциите и  доколку се види дека навистина има интерес, сега кога се уште сме во фаза кога треба да се предложи буџетот до Министерството за финансии, за следната година ќе предложиме да се одвојат повеќе средства, истакна министерот Валон Сраќини додавајќи дека е важно занаетчиите да  имаат конкретни  проекти. Слабиот интерес кај занаетчиите за овие субвенции се објаснува со  недоволната информираност и токму поради тоа сега Комората ќе започне со едукација на занаетчиите како да аплицираат со конкретни проекти за субвенциите. занаетчиите се мали фирми со по двајца вработени за кои не се доволно едуцирани како да аплицираат за парите, вели  Глигор Цветков, претседател на занаетчиска комора на Македонија. Затоа според Цветков мора да се побара помош од Министерството за обука за изготвување на проектите. Официјални бројки за тоа кој се се занимава со занаетчиска дејност нема, но според Комората на занаетчии се забележува тенденција на сериозно намалување. Причината за тоа е неможноста да се одржуваат старите занаети, едно поради слабата достапност до кредитите друго поради слабиот интерес од новите генерации да се занимаваат со дејноста на своите предци. Кризата го допре и занаетчиството во регионот . Хрватските занаетчии досега затвориле голем број дуќани но се надеваат дека состојбата полека ќе с стабилизра. Според претседателот на занаетичската комора на Хрватска Драгутин Раногајец, занаетчиите можат да се изборат со кризата бидејќи на неа треба да гледаaт како на можност за  развој и за отворање работни места. - “ Во хрватскато занаетчиство во последните три години  затворени се повеќе од 30.000 занаетчиски дуќани, но имаше и отворање на некои нови, така што останавме на 87.000. Верувам дека конечно го допревме дното  и оти ќе тргнеме кон опоравување. Кризата е секогаш и шанса за оние кои знаат, можат и сакаат да направат повеќе за себе, но и за отворање работни места,  изјави Раногајец Во рамките на саемот Макинова, македонските занаетчии ќе учат од хрватските колеги како да го развиваат малото стопанство и од каде да најдат пари за финансирање.  

Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање