27 Јули, 2024
0.0353

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

Објавено во: Економија 20 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Откако пред нешто повеќе од еден месец, преку берзанска блок трансакција беа продадени акции за над два милиони евра на хотелиерската компанија „Македонијатурист“, во петокот минатата недела повторно се случи голем акционерски трансфер.

Имено, Берзата објави две блок трансакции со акции на „Македонијатурист“, кои исто така се на прилично значајни суми, и тоа првата на близу 717 илјади евра, а втората рамно на 150 илјади евра.

Во првата блок трансакција се продадоа 7.167 акции на ова акционерско друштво, по цена од 6.150 денари за акција, со што вкупната вредност на зделката беше 716.700 евра. Додека, пак на втората трансакција поминаа 1.500 акции, по истата цена, што направи овој блок вкупно да тежи 150.000 евра.

Не се знае дали се икстите купувач и продавач на двата блока, или станува збор за различни субјекти.

Со оглед на фактот што ова акционерско друштво има издадено вкупно 452.247 акции, поминатиот прв блок од 7.167 акциои претставува 1,58 отсто од вкупниот акционерски пакет на хотелиерската компанија. Додека, пак, вториот блок е многу помал акционерски процент.

Но, тоа е сепак сериозно акционерско поместување во друштвото кое од поодамна има тројца доминантни акционери во својата сопственичка структура.

Ако го погледнеме графиконот на движење на цената на акцијата на „Македонијатурист“, ќе видиме дека таа постојано оди нагоре во последниов период. Последното тргување било на 10 мај оваа година, кога цената доживеала голем раст, и изнесувала 5.900 денари за акција. Со оглед што цената која е постигната за двете блок трансакции, изнесува 6.150 денари за акција, тоа говори дека некој бил навистина заинтересиран да купи акции од „Македонијатурист“, односно му значело силно да ги добие овие количини акции, со оглед што претходно на редовниоот пазар се тргуваше со помали количини, со исклучок на февруари, кога одеднаш поминаа 800 акции.

А, како што имаше информации Фактор пред еден месец кога помина блок трансакцијата на вкупна вредност од над два милиони евра, всушност, најверојатно македонскиот поп-композитор Григор Копров ги продаде тие акции. Стануваше збор за 20.708 акции во „Македонијатурист“, вредни 2,07 милиони евра, кои претставуваа 4,58 отсто од акциите со право на глас. Тогаш тие акции беа продадени по цена пониска за 1.000 денари од петочната блок трансакција, односно по 5.150 денари за една акција.

Тогаш Фактор објави, а веста од никого не беше демантирана, дека според бројот на акции голема е веројатноста дека своите акции ги продал долгогодишниот акционер Копров, кој, според досега објавувани податоци од годишниот извештај на најголемата хотелиерска компанија, имаше всушност идентичен број акции. Тој долги години наназад беше четврт по големина акционер во „Македонијатурист“.

Најголем акционер во таа компанија Доне Таневски, актулен претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“ и нејзин долгогодишен директор тогаш контролираше 19,2 отсто од акциите со право на глас. Втор по големина акционер е Соња Бибановска која исто така беше долгогодишна директорка и сега е акционер што поседува 11,3 отсто од акциите. Трет акционер е задолжителниот пензиски фонд со кој управува „Сава пензиско друштво“, со 8,8 отсто од акциите.

Сега, односно во понеделникот минатата недела, тоа АД ја имаше буквално истата акционерска структура, со тоа што Таневски сега поседува 19,59 отсто од акциите, според последната состојба од ЦДХВ.

Но, излегува дека овие тројца најголеми акционери не ги купиле акциите на Копров, бидејќи нивните пакети се речиси идентични како и пред таа трансакција. Што значи, тоа е некој кој претходно немал или имал многу малку акции, па не го надминал лимитот од 5 проценти, до кој акционерите не се видливи за пошироката јавност.

За тоа пак, кој во петокот купи пакет од 1,58 отсто, но и еден помал пакет, ќе мора да го почекаме денешното рефреширање на базата на Централниот депозитар, и повторно, услов ќе биде тој евентуален акционер да го надмине прагот од 5 проценти.

Нето добивката на компанијата лани изнесува 1,57 милиони евра што е за 3 пати подобро од претходната година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри