27 Јули, 2024
0.0278

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Објавено во: Економија 19 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Оваа недела во посета на „Костал Македонија“ е главниот оперативен тим на компанијата, кој ги проверува развојот, успешноста и идните планови. Прв пат по седум и пол години, кога беше отворена компанијата во Охрид во октомври 2016 година, во посета дојде и Андреас Костал, сопственик и претседател на Управниот одбор на Костал, кој не го криеше задоволството од развојот на компанијата во Македонија.

„Помина време од мојата последна посета на Костал Македонија и навистина сум зачуден од развојот кој е направен тука оттогаш.  Почнавме со околу 12 вработени и сега имаме повеќе од 1000 вработени овде. Континуирано инвестиравме во нашата фабрика во Македонија, во нашите луѓе, во нашите вработени и во градењето квалификуван кадар тука. И навистина со задоволство можам да кажам дека можеме да забележиме дека сето тоа навистина почнува да се исплатува, од технологијата што ја применуваме овде во нашата компанија, како и од производите со кои ги снабдуваме нашите клиенти ширум светот. Ние сме составен дел од глобалниот синџир на снабдување на автомобилската индустрија и исто така го поттикнуваме трендот на транзиција на електромобилноста. Тоа го овозможува нашиот тим овде во Костал Македонија и навистина сум горд што играме важна улога во глобалниот синџир на снабдување во автомобилската индустрија“, изјави за Охридњуз Андреас Костал, првиот човек на групацијата Костал.

Тој упати благодарност до сите вработени во Костал Македонија за посветеноста и постигнатите успеси остварени во, како што рече, комплексни услови.

Да не заборавиме дека имавме КОВИД, имавме глобална криза во снабдување со чипови, зголемување на цените и ја имаме војната во Украина. Сето тоа, се разбира, создава голем притисок, но и голема неизвесност и висока нестабилност во работењето, не само овде во Македонија туку и во светот. Нашите вработени не само што се справија со тие предизвици, туку во исто време и ги совладаа. Секогаш да се справуваат со новите предизвици и постојано да ја градат технолошката компетентност. Ова е навистина одлична можност да му се заблагодарам на целиот тим. Среќен сум што гледам ваков развој. Продолжуваме со понатамошниот развој на нашите операции овде во Македонија“, додаде Андреас Костал.

Успешното работење на Костал Македонија го потврди и главниот оперативен директор на компанијата Костал, Ханс Јорг Херман.

Оваа недела во Охрид официјално започнува производството на технолошки најнапредниот производ на Костал групацијата на глобално ниво, а тоа е проектот за енергетска електроника за Фолксваген, најави генералниот директор на Костал Македонија, Виктор Мизо.

Започнуваме со сериско производство за што формално добивме зелено светло од колегите од Фолксваген кои исто така се присутни тука. Врз основа не само на комплексноста, но и финансиската големина на овој производ, во следните 5-6 години ова ќе биде една многу позитивна ињекција во развојот на Костал Македонија, а истовремено ќе претставува можност да привлечеме нови други комплексни проекти. Фактот што токму ние после нецели 8 години од почнувањето со работа добиваме не само задача, туку обврска, истовремено претставува благодарност и потврда за способноста на тимот овде да таков проект не биде реализиран на било која друга локација во светот, туку токму овде во Македонија. Тоа значи дека менаџерскиот тим на Костал верува оти ние имаме можности за напредок, за развој и привлекување на многу покомплексни проекти и за идно проширување како по обем, така и по број на проекти и работни места. Нормално врз основа на големината на тие проекти тоа може да значи и на различни локации ако е потребно да го адаптираме она што Костал како бренд го има создадено во Македонија“, истакна Мизо.

Високите претставници на Костал групацијата ќе земат учество на Самитот „Македонија 2025“.

Г. Момироски
Фото: Бобан Стојаноски

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ ПАД НА ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ НА АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ - вредноста срозана за 16 отсто после неколку лоши деловни резултати

ГОЛЕМ ПАД НА ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ НА АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ - вредноста срозана за 16 отсто после неколку лоши деловни резултати

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра