12 Јуни, 2024
0.0260

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

Објавено во: Економија 20 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Произведуваат градежен материјал и во тоа се најуспешни по остварените добивки за 2023 во Македонија. Станува збор за индустриски, а не за рударски капацитети во земјата, и нивниот финален производ има додадена вредност.

На првото место е АД Усје за производство на цемент, а втор е ИГМ-Трејд за челични цевки на Илија Гечев за заварени цевки и профили. Трет е Конти Хидропласт од Гевгелија на Борис Маџунков за цевки за водовод, канализација, гас и слични намени. Треба да се напомене дека во изминатите години инвестицискиот циклус на Конти Хидропласт е поддржан од Владата со државна помош.

Германскиот инвеститор Кнауф Радика произведува гипс, а Макстил ги снабдува своите клиенти со топловалани дебели лимови. Пофикс од Тетово е препознатлив по својот малтер. Сите овие досега набројани компании се рангирани во стоте најуспешни по остварен профит за минатата година.

Блиску по добивка до овие градежни гиганти е и прилепскиот Крин-КГ од Беровци кој изработува плочи од мермер, кварцит, травертин и други материјали од камен. Компанијата поседува и рудници за гранит во Мариово. Доминантен сопственик е Христо Китаноски.  А.К.


Извор: Централен регистар


Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЛЕБОТ И ДЕЛ ОД ПЕЦИВАТА - еве кои се причините и какви се очекувањата за следниот период

ПОСКАПЕ ЛЕБОТ И ДЕЛ ОД ПЕЦИВАТА - еве кои се причините и какви се очекувањата за следниот период

„ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО НА VDL“: новите сопственици на „Ван Хол“ со официјален поздрав до вработените во Македонија

„ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО НА VDL“: новите сопственици на „Ван Хол“ со официјален поздрав до вработените во Македонија

Предизвиците и решенијата на енергетските компании во време на енергетска транзиција

Предизвиците и решенијата на енергетските компании во време на енергетска транзиција

Мицкоски: Зоран Ставрески е врвен експерт

Мицкоски: Зоран Ставрески е врвен експерт

Народна банка не попушта, нема намалување на каматните стапки

Народна банка не попушта, нема намалување на каматните стапки

КОИ СЕ ТРИТЕ ДАМИ КОИ ДОАЃААТ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ - жените полека ги преземаат финансиите во најголемите компании

КОИ СЕ ТРИТЕ ДАМИ КОИ ДОАЃААТ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ - жените полека ги преземаат финансиите во најголемите компании

Хрватска со најмал број на невработени од осамостојувањето

Хрватска со најмал број на невработени од осамостојувањето

ГЛЕДАТЕ ЛИ НЕТФЛИКС: Се подготвува најголемата промена во последните 10 години

ГЛЕДАТЕ ЛИ НЕТФЛИКС: Се подготвува најголемата промена во последните 10 години

„Катастар“ ја преполнил касата од наплата на имотни листови за граѓаните

„Катастар“ ја преполнил касата од наплата на имотни листови за граѓаните