20 Мај, 2024
0.0261

Заев за субвенционирање на гарантирана минимална плата, СДСМ не отстапува од намалување во администрацијата

Објавено во: Економија 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на состанокот со своите колеги од ПЕС (Партија на европските социјалисти) преку видео-конференција најави дека за време на кризата на сите вработени во приватниот сектор ќе им се гарантира минимална плата субвенционирана од државата, како и даночни олеснувања за сите компании зафатени од кризата, пренесе МИА.

На состанокот Заев ги презентирал мерките кои владата предводена од СДСМ ги има преземено до овој момент и мерките кои ќе се преземаат во зависност од тоа како ќе прогресира ситуацијата со коронавирусот.

Инаку Коста Костадинов, портпаролот на СДСМ, денеска порача дека сите пари од намалувањето на платите на министрите, раководителите, директорите, градоначалниците , како и тие пари кои ќе се заштедат од намалувањето на платите на вработените во јавниот сектор за април и мај ќе одат во посебен фонд. 

Костадинов побара од Владата за април и мај на сите фирми погодени од корона-кризата да им исплати по една минимална нето-плата по вработен. На фирмата ќе остане обврската да им го исплати остатокот и придонесите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна