20 Мај, 2024
0.0261

Владата ветува неколку милиони евра за иновации

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Владата донесе Стратегија за иновации 2012-2020, документ со кој ке се работи на развој и поддршка на полето на иновациите. Стратегијата се состои од 4 дела и тоа, зајакнување на склоноста на бизнис секторот за внесување иновации, зајакнување на човечките ресурси за иновации, зголемување на протокот на знаење помеѓу актерите во иновациите како и создавање на регулаторно окружување за поддршка на иновациите. Како што истакна владиниот портпарол Александар Ѓорќиев, Владата финансиски ќе го поддржи развојот на иновациите и ќе ја финансира реализацијата на Стратегијата. „За нејзино спроведување ќе бидат инвестирани повеќе милиони евра во следниве  години, средства обезбедени од Владата, но и од донации, и специјалните програми на меѓународните организации и Европската Комисија. Во првите три години обемот на финансиска поддршка ќе биде над 3 милиони евра со извесна можност за зголемување. Ќе бидат формирани и повеќе нови државни тела и органи, ќе се спроведуваат голем број на настани, и ќе се имплементираат проекти кои имаат конкретна корист за компаниите”, рече Ѓорѓиев. Надлежните се надеваат дека со оваа стратегијата ќе почне ново поглавје во македонската бизнис заедница,  и белат дека таа нуди можности за подобрување на конкурентноста на бизнисите, поголема соработка, поголеми знаења и кадров потенцијал, но и подобра заработка и финансиска кондиција на компаниите преку искористувањето на опциите на иновациите.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува