Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево формираа Унија на албански општини!
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2016
Во Тирана денес е формирана Унија на албански општини во регионот, која покрај албанската престолнина ја сочинуваат Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево.
Како што јави тирански „Топ ченел“, а пренесе МИА, поврзувањето на овие пет општини има за цел утврдување на механизмот на меѓусебна соработка во, како што се наведува области на урбанизмот, животната средина, култура, инвестиции и иновации.
Спогодбата за соработка за потпишале градоначалниците на Тирана Ерјон Велјак, на Приштина Шпенд Ахмети, на Тетово Теута Арифи, на Улцињ Назиф Чунг и на Прешево Шчиприм Арифи.
Дел од балканските медиуми овој потег го окарактеризираа како прва фаза во формирање на Голема Албанија.