СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024
Откако завчера осомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, беше спроведен до Судија на претходна постапка, а спроведувањето беше во центарот на медиумскиот интерес, се огласија од неговата партија со реакција.
„Двојни аршини и стандарди за постапување
Дали, доколку припадниците на МВР, сакале да го заштитат животот на Палевски Љупчо немаат превземено мерки и активности како во случајот со судијата Наќе Георгиев
Дали Директорот на истражниот затвор Шутка во Скопје, Филип Андов Сокол, работи спротивно на Законот
-одговорот е ДА!
Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?
Ова НЕ е прв пат, истиот овој директор на Затвор, туку по втор пат, првото носење на писменото барање до Судот го сподели со "новинарите" и сега пак спроводот до Судија на претходна постапка, пак го споделува со "новинарите"
Кој е износот за "ваква информација" ?
Има ли пилот во авионот?
Какво жигосување и јавен линч спроведуваат правосудните органи во Македонија ?
Министерот за внатрешни работи и Министерот за правда ВЕДНАШ да излезат со информација и дадат објаснување за недоличното постапување со "осомниченото лице"!„ велат од „Десна“.