КОМШИЌ: Усвојувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница стави крај на повеќедеценискиот процес
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2024
Босна и Херцеговина од сето ова излегува посилна, порача од Генералното собрание на ОН, каде се усвои Резолуцијата за Сребреница, Жељко Комшиќ, член на Претседателството на БиХ, пренесува „Н1“.
Тој кажа дека имало нервозата и некохерентното однесување на некои функционери од Република Српска
Комшиќ вели дека ова било и можност за „преживеаните жртви на геноцидот да свртат нова страница во нивните животи“.
Претседателот на Република Српска – Милорад Додик изјави дека што се однесува до демократскиот свет и она што не учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН, не успеа.
„На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту огромно мнозинство“, нагласи Додик.
Повтори дека Владата на Република Српска го покренала прашањето за мирно одвојување од Федерацијата Босна и Херцеговина.
фото Н1