14 Декември, 2025
0.0359

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

Објавено во: Економија 22 Мај, 2024 12:59

Добивај вести на Viber

Оливер Бојковски е бизнисменот чија компанија направи најголема добивка од сите останати во Куманово во 2023. „Мега Доо“ е друштво за изградба на станови и транспорт, а го поседува и малиот „Мега-Мол“ во скопско Ново Лисиче. Компанијата тргува и со градежен материјал и ималa 52 вработени до крајот на минатата година. Има раст на добивката од 24 отсто.

Во Топ-10 добивки во Куманово влегуваат и Бучен Козјак и Екстра Меин од млечната, односно сувомесната индустрија. Стандардно тука е и Рапид Билд, компанијата на Тони и Дејан Каранфиловски, за изградба на инфраструктура и станбени згради.

Во високата петорка оваа година е Јуниор-ПВЦ на Митко и Елена Николовски за продажба на опрема, уреди и цевки поврзани со водовод и парно греење. По нив е Термалифт ДД, на Драган, Фросина и Филип Дамјановски, за производство и продажба на дигалки и вилушкари.

Потоа доаѓа „Меркатан“, фирма со 30 вработени, каде доминатен сопственик е Боба Милиќ. За оваа фирма не можат да се извлечат многу информации, освен тоа што приоритетна дејност е „останати стручни, научни и технички дејности“. 

Последните три во Топ-10 се Хромак за продажба на материјали и машини за малтерисување, Балканија ММ за санитарија и покуќнина и Алфи Би Компани, фирмата која ги поседува техноцентрите во Скопје и Куманово за продажба на домаќински апарати, опрема и реквизити. А.К.


Извор: Централен регистар

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји