ГРМЕЖИ, ПОРОЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР: Нестабилна облачна маса пристигна и во Скопје
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2024 13:34
Пред половина час, ЦУК предупреди дека кон скопската котлина доаѓа нестабилна облачна маса проследена со интензивен пороен дожд и грмежи со правец на движење од југозапад кон североисток се приближува и очекува да ја зафати Скопската Котлина. „Во делови од котлината ќе има интензивен пороен дожд, чести грмежи, засилен ветер и можна појава на истовремено дожд и град (,,суградица")“ најавија оттаму.
Во моментов во делови од Скопје грми, дува и има пороен дожд.

Инаку денес претходно, метеорологот Попоски најави невреме.
„Денес особено попладне и навечер, особено во источната половина од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно и тоа токму во споменатите предели можно е по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде по крупен.
Услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во делови од Скопската котлина.
Во случај на појава на невреме, како и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29-30 степени. Во Скопје температурата денес ќе достигне до околу 26-27 степени.
Потоа, утре и во петок ќе имаме по стабилна Атмосфера и без опасност од по големо невреме, а нови врнежи од дожд и нестабилност очекуваме за време на викендот.“ најави тој.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




