ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА: Зошто вршите притисок на толку мала земја?
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2024
Српскиот претседател Александар Вучиќ пред Генералното собрание на Обединетите нации непосредно пред гласањето на Резолуцијата за геноцид во Сребреница праша зошто вршат притисок врз толку мала земја.
И покрај безбедносните барања знамето да се отстрани, тој остана со српското знаме на грбот.
„Им оддадов почит на жртвите од конфликтот во Босна, а тука има и српски и босански жртви. Тешко е да се зборува по Германија, која се смета за најважна земја во Европа. Ги повикувам сите да гласаат против бидејќи ова е многу политизирана резолуција и јас би поставил три прашања за индивидуалната одговорност на црногорските амандмани. Нема поединечни имиња во резолуцијата, не го осудија бомбардирањето во 1999 година, рекоа дека не гледаат во минатото, а ја подготвија оваа резолуција тие навлегуваат длабоко во минатото, а некој друг не може, фактите не се важни и кому му е потребна оваа резолуција зошто токму во овој момент?“, праша Вучиќ.
Во Обединетите нации(ОН) денеска е усвоена резолуцијата за Сребреница, така што 84 држави гласаа „за“, 19 против и 68 беа воздржани.