РОДИТЕЛИТЕ НА ЖРТВИТЕ ГО НАПАДНАЛЕ УРОШ БЛАЖИЌ: Рочиштето е прекинато
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2024
Во соседна Србија денеска беше прекинато рочиштето за убиецот од Младеновац, Урош Блажиќ откако настана инцидент.
Во Вишиот суд во Смедерево требаше да почне прелиминарно рочиште пред судењето на Урош.Б. кој на 4 мај лани уби девет луѓе и рани 12 во селата Дубона и Мало Орашје. Обвинетиот по инцидентот го изнесоа од судницата, јавува репортерот на Еуроњуз Србија. Родителите на убиените „скокнале“ врз него штом влегол во просторијата.
„Настана хаос. Сите се нафрлија на него кога тој влезе во просторијата. Влезе со наведната глава. Каде е сега таа храброст. Ги застрела моите деца. Син ми со десет куршуми, ќерка ми со осум. И сега му се суди. За што му се суди? Ќе правиме хаос. За него само доживотен затвор“, изјави за новинарите насобрани пред судницата, мајката на убиените брат и сестра Милан и Кристина Паниќ.
Екипата за итна помош влезе во судницата и извади една жена. Новинарката на Еуроњуз Србија јави дека се работи за мајка на еден од убиените која онесвестила. Според новите информации, покрај неа се онесвестило уште едно лице.
Небојша Перовиќ, еден од адвокатите на оштетените, за новинарите изјави дека прелиминарното рочиште ќе продолжи во зградата на Специјалниот суд во Белград, но не може да прецизира кога. Лани на почетокот на мај се случи и масакр во Белград, каде 13 годишно дете уби 9 луѓе во своето училиште.