20 Мај, 2024
0.0263

СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ „ЗАГЛАВЕНИ“ НА ГРАНИЦА: Имаме најава од турските власти дека проблемот ќе биде надминат

Објавено во: Економија 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија, секојдневно, 24 часа е ставена на располагање на компаниите со цел полесно надминување на постојната ситуација. Прашањата и иницијативите од компаниите се проследуваат до Владата и надлежните институции и повратните информации, уредби и заклучоци се проследуваат до компаниите и објавуваат на интернет сајтот на комората.

Истовремено, Стопанската комора на Македонија е многу активна и во ангажманот за надминување на конкретни оперативни прашања. 

„Во врска со проблемот на македонските транспортери на границата со Турција, за што известивме дека се ангажираше комората, имаме најава од турските власти дека проблемот ќе биде надминат во текот на денешниот или наредниот ден. Поддршката на Стопанската комора на Македонија во постојниов период е насочена и кон компаниите членки на Советот на странски инвеститори при комората. Имајќи го предвид нивното релативно значење за вкупниот македонски извоз, бројот на вработени во овие компании и фактот дека апсорбираат значаен дел од работната сила надвор од Скопје, важно е да се знае што ќе се случува во наредниов период и во овој сегмент на македонската економија. Глобалните случувања со корона Covid 19 вирусот наметнаа прекин на работата на компаниите од автомобилската индустрија ширум светот. Во такви околности и компаниите во земјава, членките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, се принудени, не по свој избор, целосно или во најголем дел да го прекинат производството, во период од најмалку неколку недели“, информираат од комората.

Но, и покрај ваквите неповолни случувања и сериозните финансиски последици, компаниите членки на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија преземаат напори и мерки да не отпуштаат работници,  планираат да искористат одреден модалитет, но првенствено сакаат да ги задржат вработените. Така, компаниите планираат претстојниот период на прекин на производството да го искористат за реализација на обуки за вработените или вработените да користат неискористен редовен годишен одмор од минатата година и мал дел од одморот за оваа година, евентуално користење на принуден одмор и сл. Тоа се охрабрувачки чекори во дадената ситуација.

„Исто така, иако тоа може да изгледа банално во дадениов момент, навидум мали, но мудри потези повлечени во моментов, можат да отворат значајни перспективи за македонската економија во периодот после завршувањето на пандемијата на коноравирусот. Промена на некои од постојните давачки за овие компании заради соодветна царинска хармонизација и зголемување на конкурентноста на македонските компании што се дел од глобалните синџири на набавка може во иднина да резултира со тоа производството што сега е лоцирано во некоја друга земја да се пресели во Македонија“, стои во соопштението. 

За сите овие прашања деновиве во Владата се одржа работна средба на заменик претседателот за економски прашања Мила Царовска со компании членки на Советот на странски инвеститори, на која имаше и претставник од Стопанската комора на Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна