20 Мај, 2024
0.0261

Што ќе гради албанскиот милијардер Самир Мане во Скопје?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Албанскиот милијардер Самир Мане во Скопје преку неговата „Балфин груп“, планира нова инвестиција вредна 180 милиони. Мане формираше нова компанија наречена  „Скопје Ист Гејт“ која инаку го презеде имотот на Скопски саем и на располагање ќе има голем простор за градба на нов трговски центар. Да потсетиме дека токму „Балфин Груп“ го изгради популарниот трговски центар Skopje City Mall за потоа да го продаде на странски инвеститор.

На земјиште од 155.000 метри квадратни, лоцирано на 1,5 километри од центарот на Скопје, на пресекот меѓу улиците „Александар Велики“ и „Беласица“, ќе се изградат објекти со вкупна корисна површина од 250.000 м2, соопшти компанијата. Прво ќе се изгради трговски центар на површина од 45.000 м2, а во период од 5-7 години и станови и деловен простор. Трговскиот центар ќе биде на две нивоа и ќе има околу 2.500 места за паркирање под земја, а новата резиденцијална област ќе опфаќа 100.000 м2 станбена површина и ќе се гради во следните пет години.

Самир Мане, има 49 години во Корча, е се смета за првиот албански милијардер, со проценето богатство на 1,2 милијарди долари. Неговата „Балфин груп“ е најголемиот приватен инвеститор во Албанија и во Југоисточна Европа, составена е од 18 фирми-ќерки во седум земји од регионот, кои вработуваат повеќе од 3.000 луѓе.

Трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен и деловен простор кој ќе биде завршен во текот на следните 5 до 7 години.

Скопски саем ќе се урива кон средината на следната година.

Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање