20 Мај, 2024
0.0275

РАСКОЛ МЕЃУ РУСИЈА И САУДИЈСКА АРАБИЈА: Што најавуваат Емиратите за нафтата

Објавено во: Економија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Обединетите Арапски Емирати им се придружија на Саудиска Арабија, најавувајќи дека тие исто така ќе го зголемат производството на нафта на рекордно високо ниво во април, со што тие две членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги подигнаа влоговите во војната со цените на нафтата против Русија.

Пазарите реагираа веднаш на вестите, повторно намалувајќи ги цените на „црното злато“.

„Адноц', национална нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати, во април соопшти дека ќе ги зголеми испораките на повеќе од четири милиони барели на ден и ќе ги забрза плановите за проширување на капацитетот до пет милиони барели на ден, цел на компанијата претходно планирана да ја достигне во 2030 година, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Додатно зголемување на производството

Саудиска Арабија, која веќе објави минатиот викенд дека ќе го зголеми пумпањето до рекордни 12,3 милиони барели на ден во април, во средата најави дополнително зголемување на производството.

Главниот извршен директор на "Saudi Aramca", Амин Насер, изјави дека државната нафтена компанија планира да го зголеми својот капацитет од 12 милиони на 13 милиони барели на ден, додавајќи дека е нарачано од Министерството за енергетика.

„Компанијата вложува максимални напори да ја спроведе оваа директива што е можно поскоро“, рече Насер.

Не постои распоред за спроведување на планот, за кој е потребна инвестиција од повеќе милијарди долари.

Зголемувањето на испораките на Ријад и Абу Даби во април заедно ќе „истури“ дополнителни 3,6 милиони барели нафта дневно на пазарот кој е веќе заситен, во време кога се предвидува глобалната побарувачка за гориво за прв пат да опадне во 2020 година за десет години, како резултат на епидемијата на вирусот корона, која ја задуши економската активност во повеќето земји во светот.

Раскол меѓу Русија и С. Арабија

Овие дополнителни нафтени резерви што двајцата сојузници на Заливот планираат да ги испорачаат се еднакви на 3,6 проценти од глобалните испораки.

Покрај тоа, од Москва во вторникот се слушна дека руските нафтени компании можат да го зголемат производството до 300.000 барели на ден, а можеби и до 500.000 барели на ден.

Сепак, рускиот министер за енергија, Александар Новак, во средата изјави дека зголемувањето на производството не е „најдобрата опција“ и додаде дека Москва е сè уште отворена за дијалог со ОПЕК.

Алжир, која е член на ОПЕК, рече дека се водат интензивни разговори и дека министерот за енергија на Обединетите Арапски Емирати Сухаил ал-Мазуруи повикал на нов договор за производство во рамките на неформалниот сојуз ОПЕК +, составен од членови на картел на нафта и други производители на нафта со Русија на чело.

Сепак, Саудиска Арабија зазела став дека разговорите се бесмислени, освен ако не доведат до договор.

Цените скоро преполовени

Цените на нафтата се скоро преполовени овие денови во текот на почетокот на годината, во услови на стравувања дека членовите на ОПЕК ќе го преплават пазарот во битка со Русија за удел на пазарот.

Расправијата меѓу Русија и Ријад дојде откако Москва го отфрли предлогот на ОПЕК за подлабок пад на производството минатата недела, неуспешен пакт што придонесе за порастот на цените на „црното злато“ од 2016 година.

Според податоците на платформата dailyfx.com, која во реално време го следи движењето на цените на нафтата, северноморската нафта „брент“ моментно е во пад за два посто и се тргува за 36,63 долари за барел, а кон ниско се движи и американската WTI, и тоа за 2,4 посто, на 33,63 долари за барел.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна