20 Мај, 2024
0.0268

Рамковски работи на голем кам-бек на Хедис

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Хедис, еден од најпознатите брендови создадени од семејството Рамковски, повторно ќе проработи најавувајќи голем кам-бек на пазарот. Според првичните објавени информации од Хедис здружените маркети досега соработка со овој бренд прифатиле околу 500 продавници со тоа што се очекува нивната бројка до крајот на годината двојно да се зголеми. 

Да потсетиме дека Хедис маркети во периодот до 2010 година имаше вкупно 1267 здружени маркети од цела Македонија. Хедис функционира на принципот на здружување на помалите и маалските продавници давајќи им стабилна дистрибуција со што може да им конкурираат и на големите супер маркети кои во последните неколку години силно се наметнаа на пазарот.

Според последната анализа на Фактор најголемите ланци на маркети Веропулос, Тинекс, Кам, Рептил, Стокомак и Жито Маркети како едни од најголемите брендови во продажната индустрија нивниот вкупен пазарен удел во 2016-та им донел вкупни приходи од 360 милиони евра.

Со враќањето на Хедис и здружувањето на над 1000 помали продавници ќе се зголеми конкуренцијата, на малите трговци ќе им се овозможи компетитивност со цените и понудата, а на крајот бенефитот треба да оди и кај купувачите кои ќе имаат поголем избор.

Велија Рамковски во првото интервју кое го даде кон крајот на летото истакна дека планира да ја обнови телевизијата А1 која беше затворена по изборите во 2011 година. Според информации од бизнис круговите, најпрво ќе има враќање на брендот Хедис здружени маркети, а потоа ќе следи и отворање на телевизијата.


Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање