20 Мај, 2024
0.0256

Рафинерија ОКТА остана без дозволи за увоз и извоз на нафта!

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Фирмата на која царината и ги одзеде одобренијата за увоз и извоз на нафта и нафтени деривати е рафинеријата ОКТА, дознава ФАКТОР, од владини извори. Претходно, Царинската управа извести дека се одземени девет одобренија за поедноставени постапки, откако утврдила дека компанијата сериозно ги прекршила царинските правила и прописи. Укинати се одобренијата за овластен примач, за локално царинење при увоз, за овластен испраќач и за локално царинење при извоз зашто фирмата не се придржувала кон одредбите од одобренијата и од Царинскиот закон, како и кон Уредбата за спроведување на Царинскиот закон. Надлежните служби утврдиле дека ОКТА увезувала стока забранета за увоз. Против неа се поднесени кривични пријави за „царинска измама“ и „криумчарење“, а се водат и прекршочни постапки за вкупно 561 записник за царински прекршок. Според Царинската управа, компанијата скоро цела година работела без потврди за општа гаранција за транзитна постапка и не ги доставувала сите потребни документи  веднаш или најдоцна до наредниот работен ден што претставува грубо кршење на царинските прописи.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува