20 Мај, 2024
0.0373

Прават ли монопол „Жито Полог“ и „Жито Битола“?

Објавено во: Економија 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Жито Полог и Жито Битола имаат договор да го поделат пазарот и да не си конкурираат на сегментите продажба на наменско брашно, на брашно Т-400 и на брашно Т-500. Дали е ова делување во согласност со Законот за заштита на конкуренцијата???

Дали „Жито Полог“ и „Жито Битола“ ќе настапат на пазарот на брашно во земјава при што ќе направат штета на конкурентските компании? Ова е прашање што се поставува од увидот во предлог одлуката што вчера ја усвоија акционерите на „Жито Полог“. Во оваа предлог одлука е предвидено тетовски „Жито Полог“ да продаде 4.300 тони меркантилна пченица на Жито Битола. Зделката е вредна 46 милиони денари, што е речиси 10 отсто од сметководствената вредност на „Жито Полог“. Важно е да се истакне дека најголем поединечен акционер во „Жито Полог“ е ЗК „Пелагонија Битола“ која воедно е и единствен сопственик на „Жито Битола“.  „Жито Полог“ и „Жито Битола“ се производители на брашно, а пченицата што е предмет на купопродажба „Жито Полог“ ја купил од ЗК „Пелагонија“.

Што е стратегијата на двете фирми со ист стопан?

„Стратегијата е да имаат заеднички настап на пазарот, со тоа што Жито Полог да настапи со продажбана наменско брашно и брашно Т-400, а Жито Битола да настапи со продажба на брашно Т-500. Жито Полог има набавено доволна количина на квалитетна пченица од родот 2017 година, па дел од истата може да ја продаде на Жито Битола за производство на квалитетно брашно Т-500. Пченицата е набавена по цена од 10 денари за килограм, а ќе биде продадена по цена од 10,20 денари за килограм, цени без вклучен ДДВ, а цените со ДДВ се: набавна 10,50 денари за килограм и 10,71 денар за килограм пченица„ ова е цитат од Извештајот за ангажман за разумно уверување во постапка за одобрување зделка со заинтересирана страна што го изготви ТП за ревизија „Котев“ и кој денеска ќе се најде пред акционерите на „Жито Полог“. 

На следниве линкови може да ги прочитате одлуките и извештајот http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=42053l и

http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=42059

Во извештајот се носи заклучок дека зделка е фер спремна двете страни, но во ниту еден момент не се споменува Законот за заштита на конкуренцијата.

Што забранува Законот за заштита на конкуренцијата ?

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ цитира дел од Законот за заштита на конкуренцијата:  НАРУШУВАЊА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ,Глава прва: ДОГОВОРИ, ОДЛУКИ И УСОГЛАСЕНО ОДНЕСУВАЊЕ

Забранети договори, одлуки и усогласено однесување

Член 7

(1) Забранети се сите договори склучени меѓу претпријатија, одлуките на здруженијата напретпријатија и усогласеното однесување чија цел или последица е нарушување наконкуренцијата, а особено оние кои:

1) директно или индиректно ги фиксираат куповните или продажните цени или некоидруги услови за тргување;

2) го ограничуваат или го контролираат производството, пазарот, техничкиот развојили инвестициите;

3) го делат пазарот или изворите на снабдување;

Заради целосно и објективно информирање на јавноста и отстранување на дилемата дали се нарушува конкуренцијата „Фактор“ достави прашања до : Комисија за заштита на конкрентноста, до „Жито Полог“, до ЗК „Пелагонија“ како единствен сопственик на „Жито Битола“ и до ТП за ревизија „Котев“.

Доколку добиеме одговори и објаснувања ќе ги објавиме во целост.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна