20 Мај, 2024
0.0267

ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА: Ќе има ли прогресивна стапка на персоналниот данок на доход?

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Зголемување на ДДВ нема да има, но се размислува за прогресивно оданочување кај персоналниот данок на доход. Министерството за финансии, засега не открива детали за какви зголемување на персоналниот данок се размислува – но посочуват дека ќе биде отворена дебата.

„До крајот на годината ќе се отвори јавна дебата за евентуално воведување на прогресивна стапка на персоналниот данок на доход. Сите промени ќе се носат транспарентно и со вклученост на јавноста,“, велат од Министерството за финансии.

Иако економистите сметаат дека главната предност на прогресивното оданочување е дека тоа е морално праведно, односно повеќе во релативна и апсолутна смисла ги оптоварува оние што се побогати, сепак посочуваатт дека постојат и опасности. Но, главната опасност е дека вишокот средства прибрани преку прогресивно оданочување не неопходно ќе стигнат до оние кои имаат најголема потреба од нив, односно најсиромашните и маргинализираните.

„Затоа, без оглед на дизајнот на оваа политика во смисла на зафаќањата и даночните стапки, таа треба да понуди и конкретни програми за тоа како ќе се извлечат најсиромашните од состојбата во којашто се наоѓаат.Дополнителните опасности од прогресивното оданочување може да вклучат зголемена даночна евазија, демотивирање на високопродуктивни професии, особено оние кои се конкурентни на меѓународниот пазар, како што се ИТ професионалците, фин-тек професионалци, лекарии слично“, смета Благица Петрески од Финанс Тинк.

При тоа се отвораат низа на прашања кога се размислува за дизајнот на потенцијалната реформа за прогресивно оданочување. Економистите посочуваат дека треба да се биде особено внимателен, во поглед на повеќе прашања.

„Колкава ќе биде стапката на прогресивниот данок? Кои ќе бидат границите на одделните стапки? Кои се лицата кои ќе бидат оданочени со повисоки стапки, односно дали се тоа претприемачи, менаџери, професионалци во брзорастечки индустрии (ИТ) и сл.? Како новонаметнатиот даночен товар ќе се одрази врз малите претпријатија, стартапите и кој било друг претприемнички потфат? Како новонаметнатиот данок ќе се одрази врз иселувањето на висококвалификуван и дефицитарен кадар, како што се ИТ инженери, доктори, претприемачи и сл.? Дали стапките на прогресивниот данок ќе бидат различни, зависно основата на доходот (на пр., особено диференцирање на стапките за данок на дивиденада и ќирија.)„, додава Петрески.

Горан Рафајловски, економски консултант пак сосема е дециден дека зголемување на стапката кај персоналниот данок не треба да има, или пак ако е тоа неопходно тогаш, да биде околу 2 отсто и да се воведе со најава. Сепак, Рафајловски додава дека според него потребно е зголемување на стапката на ДДВ.

„Потребно е да се зголеми стапката на ДДВ од 18 на 20 отсто.Тоа нема да има големо поместување кај цените, или кај оние основните потребни во секојдневниот живот, ќе биде незначително. Од друга страна, тоа во буџетот може да донесе според некои пресметки 200 милиони евра што е сериозна сума за пополнување на дупките во буџетот, вели Рафајловски.

Од Министерството за финансии остануваат на ставот дека зголемување на ДДВ нема да има и не се планира.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна