20 Мај, 2024
0.0307

НБРМ: Зголемување на депозитите, но и на нефункционалните кредити

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка денес ја одржа својата десетта седница, на која беше разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2017 годинa, при што беше констатирано дека за разлика од надолните движења на банкарските активности во првиот квартал од 2017 година, во вториот квартал од годината нивните промени се поповолни.

Вкупната актива се зголеми за 0,6%. Депозитите, иако минимално, исто така се зголемија на квартална основа. Растот на депозитите од нефинансиските субјекти пред сѐ се должи на солидниот раст од 7,9% на денарските депозити по видување од домаќинствата, за разлика од корпоративните депозити, кои се намалија. Побрзиот раст на денарските во споредба со девизните депозити на домаќинствата е сигнал за постепено враќање на довербата и обновување на процесот на денаризација на депозитите, кој речиси запре во вториот квартал од претходната година под влијание на домашните политички случувања во тој период. Средствата коишто ги користат матичните субјекти не претставуваат значаен извор на финансирање на активностите на домашните банки и покрај нивниот раст во вториот квартал. Во вториот квартал од 2017 година, банките искористија еден дел од ликвидните средства за позасилена кредитна активност. Така, кредитите на нефинансиските субјекти бележат раст од 2,2%, најмногу како резултат на долгорочните кредити одобрени на домаќинствата.

„Квалитетот на кредитното портфолио забележа благо влошување во овој квартал. Вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се зголемија за 8,1%. Зголемувањето на учеството на нефункционалните во вкупните кредити беше во целост концентрирано кај корпоративното кредитно портфолио, каде што ова учество се искачи до ниво од 10,6%. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на домаќинствата се задржа на исто ниво, од 2,5%, но не треба да се занемари континуираниот раст на нефункционалните кредити во овој сектор во последните пет квартали. Покриеноста на нефункционалните кредити со сопствената исправка на вредност се одржа на високо ниво од 76,9%“ - велат од НБРМ. 

Ликвидноста на банкарскиот систем остана на задоволително ниво, видливо преку релативно стабилното учество на ликвидните средства во вкупната актива и задоволителната покриеност на краткорочните обврски и депозитите на домаќинствата со ликвидни средства.

„Показателите за профитабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем бележат натамошни подобрувања и се на солидно ниво. Сепак, добивката на банкарскиот систем во тековната година го забавува растот во споредба со истиот период од 2016 година. Во услови на ограничен простор за натамошно позначително намалување на каматните стапки на депозитите, придонесот на нето каматниот приход во зголемувањето на добивката е значително намален во споредба со претходните години. Банките и натаму испорачуваат високи стапки на поврат на просечниот капитал и на просечната актива, од 12,7% и 1,4%, соодветно, што е особено значајно во процесот на интерно создавање капитал, во услови на немање речиси никаква докапитализација по пат на емисии на акции“ - стои во соопштението од НБРМ. 

Показателите за солвентноста и капитализираноста на банкарскиот систем се зголемија во вториот квартал од 2017 година, што е најмногу резултат на растот на капиталните позиции, пред сѐ заради задржувањето на добивката остварена во 2016 година. Побрзиот раст на сопствените средства на банките, во споредба со активата пондерирана според ризиците, овозможи подобрување на стапката на адекватност на капиталот до ниво од 15,8%.

Резимирано, банкарскиот систем и во вториот квартал оствари високо ниво на стабилност со тенденција на раст, при што Народната банка ќе продолжи да ги следи ризиците во банкарскиот систем во рамки остварувањето на своите надлежности и по потреба, да воведува мерки и активности за нивно ублажување. 

Советот на Народната банка на Република Македонија, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, ги усвои и Одлуката за издавање и Одлуката за пуштање во оптек на кованата пара за колекционерски цели од серијата „Хороскопски знаци“ со име „Јарец“. Кованата пара е со апоен од 100 денари и е изработена во количина од 7000 парчиња.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген