20 Мај, 2024
0.0282

НАПЛАТА НА КРЕДИТИ: Како локалните избори влијаеа врз фирмите?

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Се влошува наплатата на кредитите од приватниот сектор. Дел од банкарите за “Фактор“ коментираат дека на истекот од оваа година, а со почетокот на четвртото тромесечје е регистрирано влошување во наплатата како последица на локалните избори, кои директно се одразиле врз реалциите меѓу општините и фирмите. Според податоците на Народната банка, заклучно со септември, салдото на нефункционални кредити изнесува близу 305 милиони евра.

Застој кај приватниот сектор...

Во деветтиот месец од годинава, во споредба со август, Народната банка регистрираше намалување на салдото на спорни проблематични кредити, но во однос на јануари, годинава има пораст. Така, на крајот од септември вредноста на нефункционалните кредити изнесува 304 813 007 евра а во јануари 296 422 764 евра, што е за 8,4 милиони евра повеќе. Дел од банкарите коментираат дека оваа состојба на пораст на нефункционалните кредити е последица на растот на сомнителните и проблемтични побарувања кај корпоративниот сектор, додека кај неселението состојбата е стабилна. Според оценките на банкарите, влошувањето на отплатата се поврзува со локалните избори кои на некој начин ги ограничуваат финанските активности на општините.

“Кај Корпоративниот сектор има намалување на депозитите и влошување на отплатата на кредитите,но тоа е од сезонски карактер. Локалните избори влијаеа на намалена отплата на кредитите од фирмите, што се случува редовно за време на избори поради административни пречки. Очекуваме оваа состојба за брзо време да се надмине и плаќањето на кредитите да се нормализира“ - вели првиот човек на Стопанска банка – Битола, Владимир Ефтимоски.

Оттука, општините должат на фирмите а фирмите пак  ја ослабуваат ликвидноста со што не можат навреме да ги сервисираат обврските кон банките. Се работи практично за “домино ефект“ кој придонесе да се влоши состојбата со проблематичните кредити кај корпоративниот сектор.

Инвестициските кредити – под марз...

На истекот од оваа банкарска година, дел од менаџерите во  финансискиот  сектор велат дека со оглед на долготрајноста на политичката криза, сепак банките испорачуваат позитивни резултати.  Кредитирањето кај населението е со пораст, но забавување има кај корпоративниот сектор. Имено, поради неизвесноста, екипирањето на новиот владин кабинет и вкупниот политички контекст – инвестициската активност речиси е ставена под “мраз“.

“Кај кредитирањето на население нема негативни показатели. За домаќинствата и натаму најатрактивни остануваата потрошувачките кредити. Лоша е состојбата со кредитирање на корпоративниот сектор, тука е намалено нивото на инвестициски кредити, би рекор речси и ги нема. Главно фирмите земаат кредити за ликвидност, што значајно влијаеше врз инвестициската активност на компаниите“ - коментираат од една банкарска групација во земјава.

Овој тренд го регистрираше и Народната банка.

“Вкупните кредити на корпоративниот сектор во текот на септември забележаа месечно намалување од 1,2%, со учество во промената како на денарските, така и на девизните кредити. Споредено на годишно ниво, состојбата на кредитите одобрени на корпоративниот сектор е пониска за 0,5%, во услови на пад на девизното кредитирање, наспроти годишниот раст кај денарското кредитирање“ – се наведува во новиот, октомвриски извештај на Народната банка.

Токму намалувањето на кредитите за корпоративниот сектор во септември влијаело да се намали и вкупното кредитирање, на ниво на банкарскиот сектор. Во деветтиот месец од годинава, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4,66 милијарди евра.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање