20 Мај, 2024
0.0349

МФК со поддршка за Македонија во привлекувањето инвестиции и отворањето одржливи работни места

Објавено во: Економија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

 МФК, членка на Групацијата Светска банка потпиша договор за советодавни услуги со државната Дирекција за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) за да ѝ помогне да спроведе кампања за привлекување инвестиции во напредните производствени сектори на Северна Македонија.

Кампањата има за цел да поддржи создавање на одржливи работни места, да ѝ помогне на земјата подобро да се интегрира во глобалните синџири на вредности и да се поттикне економскиот раст. Согласно договорот, МФК ќе ѝ даде поддршка на Владата на Северна Македонија да избере потенцијални сектори, да ги утврди компаниите што нудат можности за инвестирање и да направи материјали за кампања за привлекување на инвеститори

„Нашиот клучен приоритет е поефикасно да ги услужиме инвеститорите и да привлечеме нови странски директни инвестиции на македонскиот пазар. Треба да ги преиспитаме дејностите и инвестициите што можеме да ги привлечеме за да добиеме идеална комбинација на содржината на труд и капитал“, рече Александар Младеновски, директор на ДТИРЗ.

„Оваа информативна кампања има за цел да се поддржат силните напори на Северна Македонија за привлекување инвеститори во напредните производствени сектори. Привлекувањето квалитетни инвестиции ќе придонесе за отворање нови работни места и за поголема економска интеграција на земјата во регионот и на пазарот на ЕУ“, рече Томас Лубек, регионален директор на МФК за Централна и Југоисточна Европа.

Кампањата која ќе трае до крајот на 2020 година, е дел од програма што ја спроведува МФК во партнерство со Европската Унија за охрабрување на инвестициите и за прекугранична трговија во Западен Балкан и во Југоисточна Европа. Оваа иницијатива се надоврзува на програмата за подготовка на економиите на Западен Балкан за пристапување во ЕУ и за поддршка на економскиот развој во Југоисточна Европа, во вредност од 2,5 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна