20 Мај, 2024
0.0280

Кучи: Половина од работите што ги кажа Ставрески не се вистинити

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Претседателот на комората на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, кој даде оценка за говорот на министерот Зоран Ставрески на инвестицискиот самит во Охрид, рече дека половина од работите што ги кажал министерот не се вистинити. - Половина  од говорот на Ставрески, во кој тој зборуваше за добрите и позитивни економски текови за македонската економија не се вистинити, им рече Кучи на новинарите на самитот во Охрид. Кучи, дури, и на своите колеги бизнисмени од дијаспората им објаснувал дека работите не се толку добри како што се претставуваат, кога видел дека тие се одушевени од говорот на министерот. - Не би требало се да земаат здраво за готово, вели Кучи. Тој, сепак смета дека ваквите собири се добри, но, за навистина да дојдат бизнисмените од дијаспората потребни се директни контакти за да се разменат искуствата, смета претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи. Министерот Ставрески рече дека не би сакал да влегува во полемика со Кучи, но смета дека најдобар демант на неговата изјава, се извештаите на меѓународните финансиски институции, кои го потврдуваат високиот рејтинг на македонската економија.    

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна