20 Мај, 2024
0.1126

КРЕДИТИ и КАМАТИ: Ќе има ли промени?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Расте кредитната задолженост на граѓаните по основ на станбени и потрошувачки кредити. Заклучно со септември, само по основ на станбени кредити населението должело повеќе од 614 милиони евра. Додека кредитната изложеност кон домаќинствата расте, кај кредитирањето на фирмите има пад. 

Кредити – со задолжување до станбено решение?

“Во средината на 2016 година земав станбен кредит. Дел од станот го платив во готово, а дел од парите што ги земав како кредит, 30 000 евра. Месечната рата изнесува околу 250 евра. Знам дека по многу  години, откако ќе го исплатам кредитот, на банката ќе и вратам и голема сума по основ на камати, но единственна опција за да се ситуирам станбено беше да се задолжам“ – вели скопјанката Снежана.К, која редовно ги отплаќа ратите за станбен кредит.

Со намалувањето на каматите во изминатите години и одредените банкарски поволности и олеснувања, овој вид на кредити и натаму  се атрактивни, а кредитната изложеност на банките по овој основ расте. Така според новите септемвриски податоци, по основ на станбени кредити, граѓаните во банките должат нешто повеќе од 614 милиони евра, со што овие кредити заедно со потрушувачките бележат континуиран пораст и на месечно и на годишно ниво

“Од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, на месечно ниво е забележан идентичен раст од 0,7%, кој на годишно ниво изнесува 11,9% и 14,1%, соодветно“ – соопштуваат од Народната банка.

По основ на потрошувачки кредити населението, на крајот од септември должело 1,15 милијарди евра. Во деветтиот месец  автомобилските кредити бележат нагорна месечна промена од 1,9%, во услови на годишeн пад од 5,2%, додека кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележано месечно и годишно намалување од 0,2% и 1,0%.  Кај негативните салда на тековните сметки не е регистрирана промена на месечно ниво, при годишен раст од 3,7%

Вкупно, на крајот од септември, кредитната изложеност на банките кон населението изнесува 2,15 милијарди евра.

“Кај вкупните кредити на домаќинствата во септември е регистрирано зголемување на месечна и годишна основа од 0,5% и 9,8%, соодветно. Притоа, месечниот и годишниот раст на кредитна активност кон домаќинствата, во најголем дел се должи на денарските кредити (придонес кон растот од 75,6% и 89,2%, соодветно)“ – наведуваат од НБМ.

Пад на кредитирањето на фирмите …

Додека кај секторот “население“ е регистриран кредитен раст, во септември, сумираните податоци на НБМ покажуваат пад на кредитирањето на фирмите.

“Вкупните кредити на корпоративниот сектор во текот на септември забележаа месечно намалување од 1,2%, со учество во промената како на денарските, така и на девизните кредити. Споредено на годишно ниво, состојбата на кредитите одобрени на корпоративниот сектор е пониска за 0,5%, во услови на пад на девизното кредитирање, наспроти годишниот раст кај денарското кредитирање“ – се наведува во новиот, октомвриски извештај на Народната банка.

Токму намалувањето на кредитите за корпоративниот сектор во септември влијаело да се намали и вкупното кредитирање, на ниво на банкарскиот сектор. Во деветтиот месец од годинава, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4,66 милијарди евра.

Со цел да привлечат нови и повеќе клиенти, дел од банките на истекот од оваа календарска 2017 година, особено во делот за кредитирање на население, нудат поволности кај еднократите трошоци но и кај каматите за одреден временски период. Сепак, во годината што измина не е забележана позначајна промена во условите на кредитирање.

“Каматните стапки и на кредитите и на депозитите во август годинава не забележуваат промена во однос на претходниот месец. Тие се задржаа на ниво од 5,9 отсто кај кредитите и 1,5 отсто кај депозитите“ – објави недомна Народната банка.

Од друга страна, дел од банкарите сметаат дека полека но сигурно ќе заврши периодот на “евтини“ пари.

““Меѓународните финансиски пазари имаат висока ликвидност. Моментално каматните стапки на меѓународните финансиски пазари се на историско најниско ниво, меѓутоа истовремено Централната банка на САД но и Европската Цнетрална Банка најавија дека ќе се започне со процесот на намалување на ликвидноста и раст на каматните стапки, меѓутоа сето тоа се очекува да биде координирано и постепено, без некои големи шокови во приватниот сектор. Но ова не значи дека ќе се случи утре и дека тоа ќе бидат брзи промени, но такви се предвидувањата дека тоа ќе се случува кон крајот на 2018 година на светско ниво, што најверојатно ќе се пренесе и во Македонија“ – изјави неодамна Глигор Бишев, директор на Шпаркасе Банка.

Според информациите од дел од банкарските групации, до крајот на годинава не се очекуваат позначајни промени во каматната политика. 

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна