20 Мај, 2024
0.0344

Комисиска расправа за законите за воздухопловство и железнички систем

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Предлог-законите за изменување и дополнување на законите за воздухопловство и за железничкиот систем во прво читање се прифатливи и може да се дадат за натамошно читање, заклучија на денешната седница членовите на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. Во образложението на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство заменик-министерот за транспорт и врски, Тахир Хани посочи дека главно се работи за усогласување со Законот за јавно приватно партнерство и за концесии. Се предлага министерствата за внатрешни работи, за одбрана, односно за транспорт и врски да водат регистри за персоналот во воздухопловството кој врши и обезбедува работи од значење за безбедноста на воздухопловството, а кои се однесуваат на државните воздухоплови.

Со измените е предвидено воените аеродроми, леталишта и терени кои ги исполнуваат условите за безбедно слетување и престој на воздухоплови да се запишуваат во регистар на воени аеродроми, леталишта и терени кои ги води Министерството за одбрана. Со измените и дополнувањата меѓу другото е предвидено договорите за концесија или јавно приватно партнерство и правата и обврските кои произлегуваат од нив да можат да се пренесат со претходно писмена согласност од концедентот или јавниот партнер доколку со тоа не се загрозува континуираното и квалитетно воспоставување на концесијата или јавното приватно партнерство.

Како што појасни заменик-министерот Хани, и во Предлог-законот за изменување на Законот за железничкиот систем станува збор за усогласување со Законот за јавно приватно партнерство и за концесии. Со измените предвидена е постапката за тоа како се склучуваат договори за јавно приватно партнерство, а во таа насока одлуката да се донесува врз основа на физибилити-студија претходно изработена за оправданоста на таквото јавно приватно партнерство. Се предлага и утврдување на периодот за кој се доделува договорот за јавно приватно партнерство за изградба и за управување со дел или со цела железничка инфраструктура. Приватниот партнер, според измените, нема право да го пренесе склучениот договор на друго правно лице.

Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање