20 Мај, 2024
0.0255

Кој стои зад Skopje East Gate, новата фирма која најави мега трговски?

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Skopje East Gate новоформираната компанија која преку албанскиот милијардер Самир Мане најави нова инвестиција во македонската метропола има регистрирано фирма во Централниот регистар на Република Македонија со основачки капитал вреден 7,5 милиони евра. 

Во Skopje East Gate која е регистрирана како ДОО влезени се повеќе содружници со свој основачки влог. Меѓу нив е бизнисменот од Скопје Арсим Папранику кој инаку е и сопственик на Нептун, компанија за трговија со електроника и бела техника која на македонскиот пазар опстојува веќе дваесетина година. Арсим Папранику има паричен влог од 650 илјади евра и е во улога на основач/сопственик. Од семејството Папранику има уште еден вложувач во Skopje East Gate, а тоа е и Јета Папранику со основен влог од исто така 650 илјади евра.

Покрај физички лица, во Skopje East Gate Skopje учествуваат и две правни лица. Најпрво, тоа е Балфин Б.В. компанијата која ја поседува Самир Мане и кај Skopje East Gate е содружник со вложен капитал во вредност од 4,5 милиони евра. Второто правно лице кое се јавува како основач/сопственик е Пиаз Инвестмент б.в. со паричен влог од 1,7 милиони евра. Според податоците кои ги најдовме Пиаз Инвестмент е инвестициски труст регистриран во Амстердам. Според податоците во Централниот регистар Балфин Б.В. и Пиаз Инвестмент б.в. се регистрирани на иста адреса Јоханнес Вермеерплеин бр.11-1071 ДВ Амстердам, Холандија.

За управител на Друштвото за управување со недвижен имот Скопје Еаст Гате СЕГ ДОО е назначен Игор Давков. 

Тој да потсетиме исто така има директорска позиција во Нептун маркетите, а до 2011 година беше функционер во Народна Банка на Република Македонија.



Албанскиот милијардер Самир Мане во Скопје преку неговата „Балфин груп“, планира нова инвестиција вредна 180 милиони. Тој го презеде имотот на Скопски саем и на располагање ќе има голем простор за градба на нов трговски центар. Да потсетиме дека токму „Балфин Груп“ го изгради популарниот трговски центар Skopje City Mall за потоа да го продаде на странски инвеститор.

Трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020 година. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен и деловен простор кој ќе биде завршен во текот на следните 5 до 7 години.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата