20 Мај, 2024
0.0280

Кој сектор е главен работодавач во Македонија?

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во 2016 година, речиси половина од вработените во Македонија беа концентрирани во две економски активности: Индустрија (23,1 отсто) и Трговија на големо и мало, транспорт, сместување и храна (22,9 отсто). Покрај овие два сектори, лавовски дел во вкупната вработеност имаат уште Јавната управа и одбрана, образованието и здравството (18,7 отсто) и Земјоделство (16,6 отсто). Остатокот го сочинуваат вработените во градежништвото, финансиските и осигурителните дејности, информатика и комуникации, уметност, забава и рекреација и во стручни, научни и професионални дејности.

Иако е неблагодарно на ова поле да се споредува Македонија со земјите- членки на ЕУ поради огромната стапка на невработеност во земјава од 22,6 отсто на крајот од второто тримесечје во годинава (исклучок е банкротираната Грција, која мина низ неколку тешки години за време на финансиската криза од 2008 година), а која што условува специфични потреби за да се надмине овој наш голем проблем, сепак добро е да се направи анализа на податоците за да се има подобра слика за тоа каде треба да се движиме.

Во ЕУ, главни сектори за вработување се Трговијата на големо и мало, транспорт, сместување и храна (24,7 отсто) и Јавнатауправа, одбрана, образование и социјална работа (23,7 отсто). За вработеноста во ЕУ е карактеристично дека учеството на работната сила во индустријата падна од 20,7 отсто во 1996 година на 15,3 отсто во 2016 година, додека учеството на Стручни, научни и професионални дејности во вкупното вработување се зголеми од 7,6 отсто на 12,7 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Кај нас овие трендови се обратни. Во последниве пет години учеството на вработените во Индустријата во вкупниот број вработени се зголеми за 8,5 отсто, додека на процентот на вработените во секторот Стручни, научни и професионални дејности се намали за 11,5 отсто. Но, од друга страна, следејќи ги светските токови и брзиот напредок во информатичко- комуникациските технологии и во Македонија уделот на вработените во секкторот Информации и комуникации порасна за завидни 42 отсто во последните пет години. Односно, додека во 2011 година во овој сектор беа вработени 9.598 луѓе, лани нивниот број изнесуваше 13.600. Според Државниот завод за статистика, голем раст во вкупниот број на вработени лица е забележан и во секторот Градежништво (30,4 отсто). Градежниот бум во земјава предизвика бројот на вработени во оваа дејност да се зголеми од 39.961 на 52.140 во последниве пет години.

Во најголем дел од земјите-членки на ЕУ, Трговијата на големо и мало, транспорт, сместување и храна е економската активност која вработува најмногу луѓе во 2016 година. Најголем процент е забележан во Грција (33,3 отсто од вкупната вработеност), Кипар (31,9 отсто), Шпанија (30,3 отсто) и Ирска (28,5 отсто). Во седум земји-членки, Јавната управа, одбраната, образованието, здравјето и социјалната работа се најдоа на врвот, особено во Шведска (34,1 отсто), Данска (30,8 отсто), Белгија (30,6 отсто) и Франција (30,1 отсто). Индустријата е главен работодавач во Чешката Република (29 отсто), Полска (23,7 отсто) и во Словенија (22,7 отсто), додека земјоделската активност сè уште е најголем работодавач во Романија (24 отсто).

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање