20 Мај, 2024
0.0261

Како „Комерцијална банка“ за краток период обезбеди двојно поголема добивка ?

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Добивката на банката во периодот јули-септември порасна за 66,8 милиони денари во однос на периодот од јануари до јуни. Тоа значи дека за двојно пократок период банката има профит што е речиси двојно поголем од добивката за првите шест месеци. Од друга страна профитот во споредба со лани е помал за 5 пати.

„Комерцијална банка“ првите девет месеци годинава ги заврши со добивка од 106 милиони денари, покажуваат податоците од официјалниот извештај објавен на интернет страницата на Македонската берза. 
Во врска со профитот на банката има две вести од кои првата е добра,а втората е лоша. Добрата вест е дека банката во периодот јули-септември бележи раст на добивката за 66,8 милиони денари односно за 1,1 милиони евра. Тоа е резултат што е речиси двојно подобар за двојно пократок период. Односно добивката е 66,1 милиони денари, наспроти 39,2 милиони денари за првите шест месеци. 
Од друга страна добивката за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани е пониска пет пати! Лани за истиот период банката имала профит од 526 милиони денари, а сега има добивка од 106 милиони денари.

Растат резервациите, паѓа нето приходот од камати

Податоците покажуваат дека банката за првите девет месеци годинава има пад на нето приходот од камати во споредба со истиот период лани. За првите девет месеци годинава тој изнесува 2,15 милијарди денари и во однос на лани е понизок за 171,4 милиони денари. Тука мора да се истакне дека од јули до септември нето приходот од камати пораснал за 680 милиони денари и тоа е за 55 милиони денари послабо од кварталниот просек за првите две тромесечја. Кај расходите за камати важно е да се каже дека тие во првите девет месеци годинава се пониски за 43,3 милиони денари во однос на лани. За првите девет месеци тие изнесуваат 370,9 милиони денари. Важно е да се истакне дека нивниот износ за третиот квартал е 117 милиони денари и понизок за речиси 10 милиони денари од кварталниот просек за првите две тромесечја.

Резервациите изнесуваат 1,92 милијарди денари и во споредба со лани се повисоки за 385 милиони денари. Ова е клучниот фактор за разликата меѓу добивките за првите девет месеци годинава и остварениот профит за истиот период лани.

Значајно да се каже е тоа дека банката многу ефикасно се справува со имотот што го има во хипотека и залог за своите пласмани. Податоците за загубата заради оштетување на нефинансиски средства покажува 18,3 милиони денари. Во споредба со истиот период лани овој износ е понизок за 144,6 милиони денари. Значајно е тоа што износот на оваа загуба е идентичен за првите шест месеци годинава и за првите девет месеци што кажува дека тој не растел во овој период. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата