20 Мај, 2024
0.0289

ГТЦ и со исто темпо на приходи до помала добивка

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор Градски трговски центар во првите 9 месеци од годинава успева речиси со исто темпо да генерира приходи како и лани, но сепак стигнува до двојна помала добивка во однос на претходната година. Анализирајќи го деветмесечниот биланс на успех на ГТЦ видливо е дека главна причина за намалената добивка се зголемените оперативни приходи, како и намалените приходи од кредити што можеби во овој период се одразува на вкупниот резултат, но ќе придонесе за помали финансиски расходи во наредниот период.

Како што наведовме приходите на ГТЦ од оперативата се речиси на исто ниво како и лани. За 9 месеци ГТЦ генерирал 148 милиони денари или 3 милиони денари помалку од лани. Главен извор на приходи на ГТЦ е издавање на деловен простор и гледано според квартали годинава трет пат по ред се бележи намалува на истите и ограниченост во создавање на раст од кирии. 

Оперативните расходи на ГТЦ гледано низ главните ставки во првите 9 месеци од годинава се речиси исти како и лани, за трошоци и суровини се издвоени 3,9 милиони денари, а за вработените се потрошени 58,3 милиони денари. Најголем скок има кај останатите расходи од работењето кои во овие 9 месеци достигнале 14,7 милиони денари или речиси тројно повеќе споредено со истиот период во 2016 година.

ГТЦ првите три квартали годинава ги завршува со вкупна добивка од работењето во износ од 16,7 милиони денари, односно со пад од над 50%. Лани добивката во истиот период изнесувала 35,8 милиони денари при што фискалните приходи на ГТЦ изнесувале 12,5 милиони денари.

Да потсетиме и дека во извештајот за првиот квартал од 2017 ГТЦ имаше речиси тројно намалување на добивката која изнесуваше 1,7 милиони денари со вкупни приходи од 50,4 милиони денари. 

Вториот квартал ГТЦ го заврши со драстично намалување на добивката која од 25 милиони денари беше сведена само на 1,8 милиони денари.

ГТЦ во целина се соочува со голема конкуренција од големите и нови трговски центри во Скопје кои располагаат со моќни брендови и се поголем број на клиенти, па се поставува прашањето како овој скопски симбол да го врати препознатливиот сјај. Компанијата успева да одржи некое стабилно темпо на генерирање на приходи, работи во позитива иако добивката се намалува, но нема видлив тренд кој ќе покаже дека возможен е раст, барем засега.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна