20 Мај, 2024
0.0698

Глобален инвестициски самит на дијаспората

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Под мотото „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“,  денеска во Охрид започнува глобалниот инвестициски самит на кој ќе учествуваат над 200 учесници. Истакнати менаџери, бизнисмени од Македонија и од дијаспората ќе бидат дел од  пленарните сесии и работни панели кои имаат желба за инвестирање во Македонија.  Меѓу учесниците се и менаџери на светски реномирани компании, како Нокиа-Сименс Нетворкс, Рајфајзен Банка. Ќе учестува и претседателот на Одборот на организацијата „Македонија 2025“ и висок советник во Блекстоун Груп од САД Мајк Зафировски, Џон Битов, мнозински сопственик на Обелиск од Канада и член на Одборот на „Македонија 2025“, Роберт Арсов, директор на дивизијата за инвестициско банкарство на Кредит Свис и член на Одборот на „Македонија 2025“. Глобалните економско-политички перспективи, условите за водење бизнис во Македонија, инвестициската клима во Македонија, искуства од постоечките странски директни инвестиции, глобално конкурентни македонски производи и услуги, успешни модели на деловна соработка, финансирање на инвестициите и извозот, од микро-финансирање до капитални финансиски инвестиции, како и соработката со дијаспората во насока на создавање економски можности се темите на кои ќе дискутираат учесниците. Организацијата „Македонија 2025“ е основана во 2007 година во Краун Поинт, Индијана од страна на угледни членови на македонската дијаспора. Својата канцеларија во Скопје организацијата ја отвори во 2011 година. Посветена е на позиционирање на Македонија како преферирана дестинација за директни странски вложувања, промовирање на транспарентно управување и корпоративни практики, креирање на просперитетна клима за претприемаштво.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна