17 Мај, 2024
0.0331

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се кршат копја за Законот за ЈО, адвокатите на Јанева не се појавија на судење

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека новиот предлог од СДСМ за Законот за јавно обвинителство, за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив. 

Тој на денешната прес конференција рече дека предлогот во неколку наврати го крши Уставот на државата и Обвинителството го става под контрола на власта. Мицкоски кажа дека при анализата на предлогот партијата консултирала повеќе правни експерти кои се подготвени да ги бранат забелешките.

Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не се доставени до СДСМ, а тоа ќе биде сторено на следниот состанок на работните групи.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека предлог Законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите. 

Според него,  воопшто не држат тезите дека преку него некој се обидува да амнестира случаи и да скрие криминал на актуелната власт. Вели дека зад законот стојат ЕУ и САД. 

„Со законот се гарантираат сите актуелни случаи, отпочнати предистраги, истраги, судски процеси и слично без разлика за кого се однесуваат, вклучително и предметите од СЈО, но и од Обвинителството за организиран кримнал и тоа сегашни, минати, а веројатно и идни предмети. Ако ВМРО-ДПМНЕ е за вакво решение јавно ги повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговаат за се да решиме во функција и интерес на граѓаните. Во спротивно, останува само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот и да ја спречи одговорноста за криминалот без разлика за кого се однесува“, рече Заев

Кичевчанецот од Туин кој живее во Америка, Шеќерим Ахмети или познат како „Ел Чека“, од Основниот суд во Кичево доби условна казна затвор од една година, ако во следните две години не стори кривично дело.

„Ел Чека“ стана познат по објавувањето на Фејсбук на „бомбите“ за претседателот на ДУИ, Али Ахмети од 29 до 31 мај лани. Адвокатот Бесник Асани вели дека ќе ја обжали пресудата пред Апелациониот суд во Гостивар.

Атиџе Муратова (56) е спремна за Холивуд. Се надева дека Холивуд е исто така спремен за неа и за „Медена земја“ откако документарецот за нејзиниот фасцинантен живот како пчеларка која одгледува диви пчели во зафрленото напуштено овчеполско село Бекирлија, победи на фестивалот „Санденс“ во САД и освои највисоки меѓународни признанија и одлични критики.

Четиринаесет пациенти со клиничка слика на грип и компликации, меѓу кои најчесто со пневмонија, се лекуваат на Универзитетската Клиника за инфективни болести. Од нив пет се лабораториски потврдени. Станува збор за пациенти со инфлуенца АH1N1.

Адвокатите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева повторно не дојдоа на денешното рочиште за случајот „Рекет“. Одбраната на обвинетата, исто како и претходниот пар, пријави дека ќе отсуствува поради болест.

Катица Јанева се појави во судница, но адвокатите Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев го информирале судот дека болеста ги спречила да присуствуваат.

Доколку и во понеделник не се појават, Јанева ќе добие адвокати по службена должност, одлучи судот, откако поради иста причина претходно беше одложено понеделничкото рочиште за денес.

Никако да се намалат долговите на општините, нивните јавни претпријатија, трговските друштва кои се основани од државата, но и на министерствата и другите буџетски корисници

Македонските институции и натаму не се целосно отворени за граѓаните, им недостасува пракса да обезбедат соодветна комуникација, да ги објавуваат редовно сите информации кои се од големо значење за следење на нивната ефикасност и законитост, додека пак дел од нив воопшто и не се грижат за веб страниците на кои не може да се дојде до соодветни податоци.

Охридската извршителка Гордана Џутеска на 13 јануари наплатила солидарно  310.000 евра преку 40 трансакции од Државниот пазарен инспекторат за смртта на тројцата угледни струшки граѓани - докторите Јосиф Докоски и Кире Ѓоргоноски, како и финансискиот инспектор Јонче Кувенџиески од струен удар на див шанк во струшко Пливалиште во 2010.

Тутунската индустрија се менува и следејќи ги новите тенденции, својата иднина ја гради на производите со несогорлив тутун. Овие производи, што го загреваат, а не го согоруваат тутунот, се следната фаза во развојот на индустријата.

Многу законски недоречености ја отежнуваат и така слабиот тренд ученици од средните стручни училишта да одат на пракса во домашните компании. Не е регулирано законски колку часа треба да трае праксата, кој да ја плаќа.

Денот започна со познатиот „Executive Breakfast Forum“ на магазинот „Фајненшал Тајмс“ за земјите од Централна и Источна Европа,  каде гости беа претседателот на Полска, Анжреј Дуда, Колинда Грабар Китаровиќ, претседател на Хрватска во заминување, престедателот на Латвија Егилс Левитс и премиерот на Естонија Јури Ратас.

Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник