19 Април, 2024
0.0349

НИ СРАМ НИ ПЕРДЕ - јавните претпријатија и општините си трупаат ли си трупаат долгови

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Никако да се намалат долговите на општините, нивните јавни претпријатија, трговските друштва кои се основани од државата, но и на министерствата и другите буџетски корисниции. Сите овие државни должници, вкупно 1.047 на број, на крајот на минатата година заедно борчеле близу 272 милиони евра, покажува најновиот извештај на Министерството за финансии. Или, само седум милиони евра помалку од пред три месеци, на крајот на септември 2019 година. Тоа значи дека вкупниот долг на државните и јавните установи се намалува, но тоа оди многу бавно, речиси и незабележително. Исто така, и покрај групното благо снижување, обврските на „најсилните“ должници, упорно продолжуваат да одат нагоре.

Ако се погледнат бројките кои институции најмногу должат, може да се забележи дека на прво место се јавните претпријатија и трговските друштва што се основани од државата, чии вкупни неплагтени обврски тежат близу 97 милиони евра. Нивните долгови за три месеци се зголемиле за пет милиони евра.

Потоа следуваат локалните претпријатија што се основани од општините, чии заеднички борч е околу 59 милиони евра. И тука има зголемување за четири милиони евра во однос на три месеци претходно. 

Самите општини вкупно должат 54 милиони евра, што е пораст за пет милиони евра.

Додека, пак, министерствата и буџетските установи заедно должат околу 9 милиони евра. Кај нив всушност има намалување на долгот во однос на претходниот квартал.

Неплатените долгови на државните институции долго време беа тајна, а прв почна да ги објавува поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски. Министерството, под неговата палка, на средината на 2017 година направи детална анализа за тоа кои државни институции и органи колку пари им должат на доверителите, а нивните имиња и сумата на долговите оттогаш наваму и јавно се објавени на веб страната на Финансии. Една од целите на ваквата транспарентност е сите граѓани да можат да видат која институција колку должи, а со тоа и да се засрамат и да го подобрат своето финансиско работење.

Тогаш бројките покажаа дека заклучно со мај 2017 година државните институции вкупно должеле сума од 363 милиони евра. Две и половина години подоцна, долгот на државните борчлии, е навистина намален, и тоа за околу 90 милиони евра. Тоа значи дека подобрување има, но состојбата е далеку од она што се очекуваше. 

Мора да се има предвид и дека пред нешто повеќе од една година Владата им даде на општините дури 50 милиони евра за да се раздолжат кон фирмите, а од фирмите се бараше да им одобрат и извесен процент на попуст, односно намалување на реалната сума на општинските долгови.

Кој е најголемиот државен должник, анализираме според најновите бројки на Финансии.

Лидерската позиција и натаму ја држи државната компанија „Македонски железници“ Транспорт Скопје, чии долг не само што не се намалува со текот на времето, туку постојано оди и нагоре, па сега тежи близу 54 милиони евра. Или, има нов раст од два милиони евра за период од три месеци. Ова акционерско друштво уште од стартот на објавувањето е прво на листата на државни борчлии.

На второ место изби Проаква, со долг од околу 13,8 милиони евра. Ова водоводно претпријатие на Охрид и на Струга, кое треба да се грижи и за заштита на Охридското езеро, постојано е меѓу „првенците“ на листата државни должници.

Третата неславна позиција овој пат е резервирана за АД Национални енергетски ресурси, државна компанија за вршење на енергетски дејности. Нивниот долг е околу 12 милиони евра, или за шест милиони евра помалку од пред три месеци. 

Јавното претпријатие, пак, МЖ Инфраструктура, е на четврто место. Има доспеани а неплатени обврски од 10,8 милиони евра, и кај него се забележува постојан тренд на раст, нешто што менаџментот ќе треба да го објасни.

На петтата позиција се потруди да избие ЈП „Колекторски систем“ Скопје, кое натрупало долг од речиси 10 милиони евра. Ова јавно претпријатие, пред три месеци не беше на листата на топ 15 државни должници, а зошто дојде на високото петто место, не е познато. 

Општина Охрид овој пат е шеста. Нејзиниот доспеан долг е 7,3 милиони евра, речиси исто како на крајот на септември. Иако оваа општина се уште должи многу пари, сепак, за една година успеала да го преполови својот долг, за што сигурно помогнаа буџетските пари. Но, ниту една локална самоуправа во иднина нема да може да се надева на ваква државна помош, бидејќи Владата кажа дека 50-те милиони евра ќе бидат последни пари што ќе се дадат за раздолжување на општините.

Седма сега е ЈП Водовод Куманово, со долг од 7,2 милиони евра, што е непроменето во однос на претходниот квартал.

Еден од долгогодишните должници, општина Тетово, се најде на осмата позиција. Но, кај општината на градоначалничката Теута Арифи загрижува тоа што нејзиниот долг пораснал на 7,2 милиони евра, или за околу 1,5 милиони евра за период од само три месеци. Ова следува откко тој претходно беше преполовен, благодарение на владината помош, но кога Владата им даде буџетски пари на општините за покривање на долговите, идејата не беше дека тие потоа пак ќе треба да го зголемат својот должнички товар.

Деветти се ЈП Македонска радиотелевизија, со долг од 6,6 милиони евра, и нивниот долг постојано регистрира снижување во последниот период.  

Општина Карпош е десетта, со борч од околу 5 милиони евра, а на 11 позиција е Градската општа болница 8 Септември, со долг од 4,7 милиони евра. Со вкупни обврски од 4 милиони евра на 12 место се најде ЈП Комуналец Струмица, а во врат му дише ЈП Водовод и канализација Скопје, со долг од 3,9 милиони евра. 

Институтот за трансфузиона медицина е на 14 место, со долг од 3,9 милиони евра, што треба да се поздрави, бидејќи има намалување за два милиони евра во однос на три месеци претходно. 

И на 15 позиција се најде ЈП Чистота и зеленило Куманово, со вкупен долг од 3,3 милиони евра.

Следуваат уште голем број здравствени установи, општини, министерства и јавни претпријатија. 

За многу од овие институции државата уште не најде начин како нивните раководни лица правилно да менаџираат со парите, за да не се доведуваат во ситуација да им стасуваат за плаќање силни обврски, а тие да не можат да си ги подмират. 

А наместо тоа, Владата одлучи повторно да ги спасува од долгови јавните претпријатија. 

Откако тоа беше направено во неколку наврати досега во изминатите години, сега повторно се турка закон, со кој ќе им се отпишат каматите и ќе им се репрограмираат долговите и трошоците на јавните претпријатија кои се основани од општините. Овој закон се очекува да биде донесен до распуштање на парламентот на 12 февруари.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите