25 Април, 2024
0.0262

Извршителка наплати 310.000 евра од два инспекторати и општина за смртта на тројцата угледни стружани во 2010

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Охридската извршителка Гордана Џутеска на 13 јануари наплатила солидарно  310.000 евра преку 40 трансакции од Државниот пазарен инспекторат за смртта на тројцата угледни струшки граѓани - докторите Јосиф Докоски и Кире Ѓоргоноски, како и финансискиот инспектор Јонче Кувенџиески од струен удар на див шанк во струшко Пливалиште во 2010.

Блиските на тројцата познати трагично загинати стружани преку судски одлуки успеале да дојдат до обештетување кое како одговорни за смртта требало да им го исплатат Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Општина Струга, кои своевремено не делувале превентивно и не ја отстраниле опасноста, односно не го затвориле објектот пред да дојде до несреќата..

Државниот пазарен инспекторат одлучил да плати релативно навреме за да не му биде блокирана сметката и ја исплатила солидарно сумата до извршителката Џутеска за сите три субјекти, од кои се бараше сумата на три подеднакви дела. Директорот на пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, за „Фактор“ вели дека сега очекуваат од трудовиот инспекторат и од Општина Струга да им ги вратат парите кои ги уплатиле и за нив. 

- Станува збор за пресуда од Врховен суд за надомест на нематеријална штета. Во нашиот случај своевремено беше тужено Министерството за економија додека под нивно овластување беше пазарниот инспекторат. Во меѓувреме одговорноста беше пренесена за нас, иако сметам дека во моментов актуелното раководство не е виновно за таа трагедија, ниту пак тогашните инспектори, бидејќи тие тогаш не можеле да бидат технички стручни за да увидат дека пред да дојде до трагедијата имало неизолиран кабел на плажата, вели Пауновски.

Основниот долг изнесувал 13 милиони денари, а извршителката Џутеска наплатила уште неколку милиони за награди и камати во процесот кој трае повеќе години. Сега пазарниот инспекторат ги чека своите пари кои ги платил за трудовиот и за струшката локална самоуправа, а тие имаат рок од седум дена.

- Сумата која сите три страни ја делиме е некаде по околу седум милиони денари. Трудовиот инспекторат рече дека ги има потребните средства и дека за една недела ќе ги уплати кај нас, а исто така и Општина Струга ќе ни ги врати парите. Не би сакале да настанат недоразбирања и ние секако можеме да се заштитиме со тужба доколку некој одбие да ни ги исплати тие пари, додава Пауновски.

Пред нешто повеќе од девет години струен удар од неисправна електрична инсталација ги усмрти тројцата познати стружани додека седеле на металната импровизирана тераса во близина на плажата Галеб. Над металната конструкција минувал електричен кабел кој не бил соодветно изолиран. Од ветарот и дождот, оголениот кабел кој бил под напон дошол во контакт со металниот дел. Смртта кај тројцата настапи веднаш. 

За предизивикување на тешки дела против општата сигурност на луѓето, Основниот суд во Струга за виновни ги прогласи тројцата косопственици на шанкот 

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија