26 Април, 2024
0.0327

Мицкоски: Законот што го предлага СДСМ е неприфатлив, пак сакаат посебно обвинителство со енормно високи плати

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека новиот предлог од СДСМ за Законот за јавно обвинителство, за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив. 

Тој на денешната прес конференција рече дека предлогот во неколку наврати го крши Уставот на државата и Обвинителството го става под контрола на власта. Мицкоски кажа дека при анализата на предлогот партијата консултирала повеќе правни експерти кои се подготвени да ги бранат забелешките.

Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не се доставени до СДСМ, а тоа ќе биде сторено на следниот состанок на работните групи.

Економист го оценува владеењето во Македонија како хибриден режим. Како се наближува 12 април, тие знаат дека се наближува денот кога ќе се бара одговорност од сите, неважно дали е за Зоран Заев или за луѓето околу него. Тоа е причина што има отпор кај Зоран Заев и Владата кон новиот закон за јавно онбвинителство. Носењето на квалитетно законско решение би значело решение во кое Зоран Заев и неговата екипа ќе треба да одговараат и да се докажуваат низ една транспарентна и законита постапка за сите обвинувања за криминал и афери. Токму затоа последниот кој има интерес во државата од квалитетен закон за јавнбо обвинителство, е Заев“, рече Мицкоски. 

Според него, затоа од СДСМ биле толку силно фокусирани кон опструкции за кочење во носење на квалитетен закон, и наметнување на предлог закон кој ќе гарантира своевидна амнестија на криминалот на власта, преку целосна контрола врз обвинителството. 

„Зоран Заев е свесен дека нова аболиција како онаа во Глобал не би поминала. Туркаат закон за амнестија на криминалот и неправдите, тоа за нас е неприфатливо и штетно за државата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Затоа, рече, ВМРО-ДПМНЕ врз основа на анализата и консултации со еминнетни професори, адвокати, обвинители и судии, изработиле забелешки кон она што сега го предлага СДСМ, а целта е да се направи квалитетен закон.

„Повторно предлагаат формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста на привилегирани обвинители, на штета на оние во редовното обвинителство“, смета Мицкосци за предлогот од СДСМ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот