26 Април, 2024
0.2101

Еден болен од грип е во тешка животно загрозувачка состојба, во болница се 14-мина

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Четиринаесет пациенти со клиничка слика на грип и компликации, меѓу кои најчесто со пневмонија, се лекуваат на Универзитетската Клиника за инфективни болести. Од нив пет се лабораториски потврдени. Станува збор за пациенти со инфлуенца АH1N1. 

На Одделот за интензивна нега, како што јавува МИА, има еден пациент кој се наоѓа во тешка животозагрозувачка состојба, со хронична опструктивна белодробна болест и со хронична респираторна инсуфициенца. Тој е примен на Клиниката поради масивна пневмонија и во моментот е на механичка вентилација во животозагрозувачка состојба. Ова денеска го изјави д-р Сања Maринковиќ од Клиниката, која рече дека вчера во нивната амбуланта се прегледани осум пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца со долно респираторни компликации односно пневмонија како компликација се задржани на болничко лекување. 

Според неа, меѓу хоспитализираните има помлади и повозрасни, и главно се невакцинирани за грип, а најголем број од нив имаат хронично заболување. 

„Од почетокот на сезоната на грип на Инфективната клиника амбулантски се прегледани 53 пациенти со клиничка слика на грип. Од нив досега на болничко лекување со компликации се задржани 22 пациенти“, истакна д-р Маринковиќ. 

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека најдобра превенција за грип е вакцинацијата и дека треба да се избегнуваат поголеми јавни собори, да се внимава на личната хигиена и да се мијат рацете, да се отстранува секрет од нос со хартиени марамчиња кои се за еднократна употреба, да се кива и кашла во марамчиња и да се избегнување контакт со претходно загадени површини. Додаде дека тоа се мерките за препорака за поголем број заразни заболувања меѓу кои и грипот. 

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите