15 Мај, 2024
0.0302

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се планира пократок полициски час, а од утре задолжително носење маски во три града

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Април, 2020

Добивај вести на Viber

ВЛАСТА РАЗГЛЕДУВА ПРЕДЛОГ ЗА ОЛАБАВЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Нашата земја успешно го амортизира ширењето на епидемијата. Министерот Венко Филипче денеска соопшти дека бројот на заболени се движи линеарно, и поради тоа на владата ќе и ги достават предлог мерките да се скрати полицискиот час, односно за благо олабавување на рестрикциите. Полицискиот час да почнува од 19 часот и да трае до 5 часот наредниот ден, со цел граѓаните да можат полесно и без притисок да ги набавуваат намирниците. Скартен ќе биде и полицискиот час за време на викендот и ќе почнува во сабота во 13 часот и ќе трае до понеделник во 5 часот.

За ова олабавување Владата ќе дискутира на утрешната седница, по што тоа ќе и биде соопштено на јавноста.

Идејата е граѓаните да имаат време да ги направат потребните набавки во маркетите.

ВО КУМАНОВО, ТЕТОВО И ПРИЛЕП ОД УТРЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ

Заштитна опрема за лице може да биде маска за еднократна или повеќекратна употреба, марама, шал и слично, што може да ја прекрие устата и носот, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Останува на сила забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во однос на физичката дистанца.

„Заштитна опрема треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип, како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи. Сите затворени објекти во коишто има повеќе лица“, информираше министерот.

Исклучок за носење на заштитна опрема на отворено се прави само ако лицето носи заштитна опрема за работа, која е пропишана со работното место како во погони, фабрики, производство.

МАЈКАТА И СИНОТ ВО ВЕЛЕС ПОЧИНАЛЕ ВО МАРТ

Заврши увидот на Институтот за судска медицина на починатите мајка и син од Велес, соопшти на денешната пресконференција министерот за здравство Венко Филипче. 

„Според сите анализи - на состојбата на телата, амбиенталните услови и сите информации кои ги добија докторите за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила пред три до пет недели од моментот на пронаоѓање, што значи во март, а не во јануари, како што првично соопштија некои медуми. Затоа нема некој интерес да се прават некои дополнителни истражувања, апропо актуелната состпјба со КОВИД-19. Но, продолжува работата во однос на причината за смртта, што не е предмет на наш интерес. Се прават хистопатолошки и токсиколошки анализи, по што ќе се финализира наодот на Инститтот“, рече Филипче.

Инаку, во изминатото деноночие, се регистрирани 24 оздравени, лекувани во домашни услови, а починат е пациент на 70 годишна возраст, примен во тешка состојба. Направени се 207 тестови, и има 7 нови случаи.

Вкупната бројка е 1.231 или 952 активни случаи.

НОВИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Се коригираат цените на нафтените деривати во Македонија. 

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари.

Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Има раст на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 отсто.

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 е 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 54 денари. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), сега изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

СКОКНА И АКЦИЗАТА

Владата ќе собере во буџетот дополнителни 18 милиони евра ако зголемувањето на акцизата на нафтените деривати за три денари се применува до септември, а дополнитени 31 милион евра ако зголемената акциза важи до декември, соопшти денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Има ли опасност да настрада историски објект, во проширувањето на булеварот „Никола Карев“, или популарно налечената Пластичарска улица.

Самиот беше директор на Окта во Македонија од 2015 година и е добар познавач на пазарот на нафта. 

Во услови на силен пад на цената на нафатата на американскиот пазар и значајни надолни корекции во Европа, Јанис Геруланос за Фактор вели дека ова е момент кој може да се искористи.

Многу земјоделци поради ограниченото движење на граѓаните, и попреченото функционирање на пазарите, своите раноградинарски производи ги нудат за продажба на интернет, со достава до домовите на потрошувачите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“