25 Април, 2024
0.0270

ТРИ ДЕНАРИ ПОВИСОКА АКЦИЗА: Ќе се намалува ако поскапи нафтата

Објавено во: Економија 21 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе собере во буџетот дополнителни 18 милиони евра ако зголемувањето на акцизата на нафтените деривати за три денари се применува до септември, а дополнитени 31 милион евра ако зголемената акциза важи до декември, соопшти денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. Тој ја потврди информацијата на Фактор, односно соопшти дека Владата донела Уредба со која акцизата за сите нафтени деривати се зголемува за три денари. Причина за зголемувањето, како што рече, е тоа што има потреба од зголемување на буџетските приходи во услови на намалување на потрошувачката на горива и зголемување на потребите за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19. И покрај барањата на Стопанската комора Владата не ја изедначи акцизата на екстралесното масло за домаќинство со акцизата на дизелот, за да се спречат злоупотребите на ова масло како погонско гориво затоа што е поевтино. Владиниот портпарол рече дека тоа е забрането и треба да се почитува.

Хоџа рече и дека граѓаните немa да го почувствуваат зголемувањето на акцизите на крајната цена затоа што цената на нафтата од јануари до сега се намалила за 20 денари. Додаде и дека ако нафтата поскапи за десет денари, акцизата ќе се намали за еден денар, а ако вцената на нафтата се зголеми за 20 денари, тогаш згоплемената акциза ќе с еврати на нивото до сега односно ќе с енамали за три денари.

„Нема да предизвика последици, оти цената на нафатата на светските берзи паѓа. Напоменувам дека оваа Уредба овозможува постепено враќање на акцизите кога ќе заврши состојбата. Сите средства од зголемувањето ќе одат во буџетот односно во Фондот за справуавње со последиците од кризата и за спроведување на мерките за помош на диомашната економија, рече Хоџа.


Во 2019 година во буџетот биле наплатени 240 милиони евра од акциза на нафтените деривати. Во 2020 година Владата предвиде за 15 милиони евра повеќе. СЕпак со падот, планирано е да се собарат 45 милиони евра помалку.

Хоџа покажа и тебели според кои Макеоднија има најнискицени на горивата.


А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ