18 Јули, 2024
0.0269

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

Објавено во: Економија 13 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие „Државни патишта“ и централната банка ја предводат листата на 100 најуспешно рангирани по остварени добивки во Македонија во 2023. Стандардно секогаш на врвот е производителот на катализатори Џонсон Мети од индустриската зона Бунарџик, по што следуваат трите најголеми комерцијални банки во земјата, а по нив и останатите гиганти кои котираат на Македонската берза.

Тука се и компаниите за игри на среќа - Државна видеолотарија, Касинос Аустриа, АД Државна лотарија, Макотен, Апекс и Делта Бет. Малопродажбата, дистрибуцијата на стоки и градежниците се стандардно застапени. Конзорциумот Бехтел и Енка за неполна година од почетокот на својата работа на новите автопати, заработил безмалку 4 милиони евра како добивка и со тоа веднаш направи сефте во рангирањето.

Во Топ-100 има место и за застапниците на автомобилските марки - Мак Аутостар, МА Труст, Порше Македонија и М Кар, како и за аутсорсинг компании и друштва од областа на телекомуникациите. Има и такви за софтверските услуги - сектор од каде што на листата се најде и Аитоникс на Јордан Димитровски, инаку друштво познато по тоа што ги набавува лиценците за сајбер безбедност на владата и другите витални државни органи.

Меѓу нив се и оние од металопреработувачката и автомобилската индустрија. Тука се и голем број од технолошко-индустриските развојни зони, а меѓу нив е и канадската Магна Мирорс, која иако 2023 и беше прва полна година на работа во земјата, направи профит од 9 милиони евра во струшко Мислешево.

За одбележување е и тоа што за прв пат на оваа листа се најде Протергиа Енерџи, грчката компанија во сопственост на Митилинеос, која му продава јаглен на АД ЕСМ за РЕК Битола. Во првите 25 е и битолската Марковски Компани, позната по тоа што добива огромни суми за ископ на јаглен.. 

Топ добивки имаат сите фирми што се поврзани со цената на електричната енергија за домаќинствата - ЕВН Хоме, Електродистрибуција, АД ЕСМ и МЕПСО, па ова нека биде една порака до регулаторот дека нема простор за изговори за повисоки сметки.

На „енергетските“ компании им одело од рака, а тука се две поврзани со поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев - Централ Инвест за производство на електрична енергија од фото и хидро централи, како и Рењувабал Енерџи Суплај (РЕС), во која до оваа година имаше свој удел и неколку години тргува со струја.

Во Топ-100 има и две финансиски друштва за брзи кредити и голем број на компании познати по производството на цевки. Тука се и рудниците и компаниите кои работат на изградба на инфраструктура.

Афирмација за прв пат доживува и компанијата Мега Витал, каде бројот на вработени од неколку се искачил на 52, и инаку е во сопственост на сестрите Викторија и Христина Механџиски, познати како сопственички на Зегин. 

Има и компании со чии дејности досега беше невообичаено да се најдат на списокот - како Интебако (продажба на фотопанели) и Флексо Принт ТП (печатење на хартија). A.K.

Извор: Централен регистар


Можеби ќе ве интересира

АРМАНИ И ДИОР ПОД ИСТРАГА: нов скандал на повидок?! - модните брендови ги отфлаат обвинувањата

АРМАНИ И ДИОР ПОД ИСТРАГА: нов скандал на повидок?! - модните брендови ги отфлаат обвинувањата

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

Кошутиќ го остава најголемиот енергетски проект во земјата за да ги води македонски Железници АД

„КРАЛОТ НА КАФЕТО“ НОСИ ЛОШИ ВЕСТИ: Заради новите правила на ЕУ, цената на шолја од овој напиток многу ќе поскапи!

„КРАЛОТ НА КАФЕТО“ НОСИ ЛОШИ ВЕСТИ: Заради новите правила на ЕУ, цената на шолја од овој напиток многу ќе поскапи!

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот