СКОК НА ЦЕНИТЕ: Поскапуваат бензините и нафтата
Објавено во: Економија 21 Април, 2020 15:30
Се коригираат цените на нафтените деривати во Македонија.
Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари.
Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Има раст на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 отсто.
Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 е 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 54 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), сега изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.
Промена има на малопродажните цени на нафтените деривати поради повисокиот курс на доларот во однос на денарот, во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





