05 Декември, 2025
0.3042

КОРОНАТА ИМ ГИ ПОМАТИ СМЕТКИТЕ: Земјоделците на интернет ги нудат своите раноградинарски производи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Април, 2020 06:45

Добивај вести на Viber

Многу земјоделци поради ограниченото движење на граѓаните, и попреченото функционирање на пазарите, своите раноградинарски производи ги нудат за продажба на интернет, со достава до домовите на потрошувачите.

Ваква е состојбата откако почна да се шири коронавирусот. Луѓето се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Maрјан Спасовски од Куманово кој има два декари земјиште под пластеник, објаснува дека има голема побарувачка за овошје и зеленчук, но како што додава потребни се повеќе луѓе да се ангажираат за достава.

„Побарувачката е многу голема, а ние не можеме да постигнеме затоа што сме двајца возрасни со две деца. Лесно е да се продаде, но тешко е да се произведе. Ова ни е семеен бизнис, работиме со семејството. Многу е напорно, ова е нешто ново за нас. Во еден ден имавме 200 повици, а тие што купија се задоволни и пак се јавуваат. Дојдовме на идеја за ваква работа затоа што пазарот го затворија, а купувачите бараат роба, и почнавме со онлајн достава за да им излеземе во пресрет на луѓето. Доставата е бесплатна, а цените се реални. Луѓето бараат зеленчук и овошје, марули, рукола, целер, тиквици“, вели Спасовски.

Сепак, Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион, вели дека годината ќе биде катастрофална ако вака продолжи и продавањето мали количини производи на интернет не е решение.

„Сега се продава зелка, краставици, марула и ако некој ги нуди на интернет, во ред, но колку ќе продаде  и дали тоа ќе функционира? Сепак тоа не е решение. Земјоделците се многу разочарани. Цената на зелката е многу ниска, 5 денари, и тоа е половина од производната цена. Оваа година земјоделците ќе бидат во загуба, ќар ќе имаат трговците, но и тие потоа ќе загубат затоа што ќе се намалуваат површините“, вели Велков.

Не знае што ќе се случува кога ќе треба да се продаваат доматите и пиперките, дали ќе има пласман, дали коронакризата ќе трае, дали пазарите ќе работат.

Тој смета дека како што имаше мерки за стопанството, така требаше да се донесат и мерки со кои ќе биде обештетен и земјоделецот.

Според Велков, земјоделците сега се оставени сами да се снаоѓаат.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“