14 Мај, 2024
0.1208

МАЈКАТА И СИНОТ ВО ВЕЛЕС ПОЧИНАЛЕ ВО МАРТ, Филипче вели - веќе нема интерес за додатни истражувања

Објавено во: Македонија 21 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Заврши увидот на Институтот за судска медицина на починатите мајка и син од Велес, соопшти на денешната пресконференција министерот за здравство Венко Филипче. 

„Според сите анализи - на состојбата на телата, амбиенталните услови и сите информации кои ги добија докторите за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила пред три до пет недели од моментот на пронаоѓање, што значи во март, а не во јануари, како што првично соопштија некои медуми. Затоа нема некој интерес да се прават некои дополнителни истражувања, апропо актуелната состпјба со КОВИД-19. Но, продолжува работата во однос на причината за смртта, што не е предмет на наш интерес. Се прават хистопатолошки и токсиколошки анализи, по што ќе се финализира наодот на Инститтот“, рече Филипче.

Инаку, во изминатото деноночие, се регистрирани 24 оздравени, лекувани во домашни услови, а починат е пациент на 70 годишна возраст, примен во тешка состојба. Направени се 207 тестови, и има 7 нови случаи.

Вкупната бројка е 1.231 или 952 активни случаи.

На Инфективна клиника се примени 4 нови пациенти во изминатите 24 часа, во моментов се хоспитализирани вкупно 60, од кои 4 се на механичка вентилација. Значи, вели министерот, таму има сосема доволно слободни респиратори. Во ГОБ 8 септември се примени нови 11, а од вкупниот број со потешка клиничка слика се 7 пациенти, 5 се на респиратор. Стабилна е состојбата на пациентите во другите болници.

Во Дебар стигнати се тестовите на сите пациенти кои очекуваа втор брис и сите се негативни, и сега во Дебар има само двајца пациенти.

Во врска со Центарот за јавно здравје во Велес, таму, согласно наодот на еден од вработените е направена соодветна анкета и на одреден број луѓе им е препишана самоизолација, но направена е ротација на кадарот и сите одделенија функционираат нормално, како и пунктот за земање брисеви. Таму ќе биде спроведен и вонреден инспекцски надзор, кој треба да покаже дали се почитувани протоколите и дали има некои неправилности.

Во текот на викендот е завршен увидот во маркетот во Велес, 15 вработени согласно наодот од Државниот санитарен здравствен инспекторат добиваат решение за самоизолација. Ако оваа фирма може со останатиот број вработени да ја организира работата, маркетот ќе работи, завршена е постапката за дезинфекција и за чистење. 

На Детската клиника состојбата е стабилна, нема нови позитивни случаи меѓу персоналот, позитивни се лаборант, сестра и докторка од одделот за имунологија. Контакт е мајка на дете што требало да се прими, таа е асимптоматска. На клиниката е направено чистење и работата е организирана во тимови. Така што, сите оддели на клиниката функционираат најнормално. 

Тековно се хоспитализираат и пациенти со малигни и хронични болести, како и со системски болести, како и новороденчиња.

Во Затворот во Шутка се земени 50 тестови и сите се негативни. Во домот за геријатрија во Ѓорче Петров, исто сите земени брисеви се негативни. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“