29 Април, 2024
0.0326

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите негодуваат за избори, а короната однесе уште два животи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

И ДЕНЕС РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ОКОЛУ ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција рече дека Државната изборна комисија донел одлука да го прифати ажурираниот Избирачки список со кој ќе може да се оди на предвремени парламентарни избори во јуни.

- ДИК да носи одлуки со консензус, четворица се од власта, петтиот од БЕСА, од седум члена. Ако треба да се надгласуваме, ќе ги победиме. Тоа не е добро. Еве ја одлуката, веќе ја донесоа. Јавно е достапна дека ги прифаќаат сите процеси и протоколи.  МВР треба да достави комплетно ажуриран список до 21 јуни и ДИК мора да го потпише и објави, рече Заев, покажувајќи го документот.

Тој рече дека на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски поддршка за избори на 26 јуни добил од ДУИ и Али Ахмети, опозиционата БЕСА и ДПА, додека Алијансата за Албанците била за гласањето да биде на 21 јули. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака среќа на СДСМ ако одлучат да одат на избори во јуни, без да одговори конкретно дали ќе ги бојкотира тие избори, во гостување на ТВ Сител.

„Ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори”, изјави Мицкоски.

На новинарското прашање дали тоа значи дека нема да одат на избори, Мицкоски само повтори: „Со среќа нека им е, тоа можам да им посакам”.

OД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА УШТЕ ДВАЈЦА

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека денеска имаме 50 оздравени пациенти од Ковид 19. 

Има починати двајца, еден од Скопје на 78 години и пациент од Тетово на 77 годиншна возраст. Има и нови 22 заболени од коронавирусот. 

„За неколку дена од 14 мај се направени 908 тестови на вработени во градинките“, вели министерот. 

Додаде дека продолжува скринингот по другите ризични групи работници и граѓани. 

Парична награда ќе има за сите кои помогнале во справување со пандемијата. 

ПОВРАТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО НЕМА ДА ОДАТ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА

Владата на денешната седница го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на земјава, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.

Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

ЗАЕВ ТВРДИ ДЕКА СИНОТ НА ВЕРУШЕВСКИ ТАЈНО ГО СНИМАЛ

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека Александар Верушевски, синот на разузнавачот Зоран Верушевски, го снимал тајно на ручек кај него на гости во Струмица пред четири години. 

Тоа е всушност објавениот разговор од 2016 кој изминатиот период беше објавен како аудио-запис во кој Заев ги искажува своите ставови за невладините организации. Заев вели дека свиркачот е синот на Верушевски.

„Тоа не беше пред сто години, беше пред четири години. Сега знам дека тоа беше Александар Верушевски“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Повторно расте долгот на државните борчлии, каде што влегуваат општините, нивните јавни претпријатија, трговските друштва кои се основани од државата, министерствата, јавните здравствени установи, како и на другите буџетски корисниции.

Комбинираната централа која од природен гас може да направи три производи - струја,  топлинска енергија за греење и пареа „Когел Стил“ на отварањето во летото 2009 година беше промовирана од тогашниот политички естаблишмент како значајна странска инвестиција во која беа вложени 20 милиони евра. 

Домашните банки генерално малку знаат за проектот домашна платежна картичка кој Владата го промовираше со третиот сет мерки за помош на граѓаните и на стопанството во услови на криза предизвикана од пендемијата со Ковид-19. 

Од февруари повисоки плати ќе добијат специјалистите, наставниот кадар, општите лекари, медицинските лекари, здравствените соработници и помошно-техничкиот персонал.

Најдобриот претприемач меѓу академиците и најучениот меѓу бизнисмените потроши малку повеќе од две години „рвајќи“ се со „зарибаната“ администрација и помина како Дон Кихот. 

Банкари од повеќе домашни банки се повикани денеска на состанок во Министерството за финансии, дознава Фактор. Со министерката ќе разговараат за проектот домашни платежни картички кој беше промовиран викендов како дел од третиот сет економски мерки. 

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце