ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Повратниците од странство нема да се тормозат и со дополнителна домашна изолација
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2020
Владата на денешната седница го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на земјава, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.
Оцва го соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифатила предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.