14 Мај, 2024
0.0275

По 10 години вон функција, во Македонија заживеа инвестиција од 20 милиони евра

Објавено во: Економија 19 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Комбинираната централа која од природен гас може да направи три производи - струја,  топлинска енергија за греење и пареа „Когел Стил“ на отварањето во летото 2009 година беше промовирана од тогашниот политички естаблишмент како значајна странска инвестиција во која беа вложени 20 милиони евра. Во меѓувреме „Комерцијална банка“ ја заплени како имот ставен под залог од „РЖ Услуги“, а откако комбинираната централа од кругот на поранешна Железарница беше понудена на пазарот, истата беше купена и ставена во функција за 13 милиони евра од АД ЕСМ за по 10 години повторно да проработи изминатата грејна сезона.

Ефектот на рестартираниот „Когел“ со своите 30 мегавати на час и интегриран во подружницата „Енергетика“, според податоците кои „Фактор“ ги доби од АД ЕСМ, е производство на електрична енергија од 23.300 мегават-часови струја на пазарот, нешто повеќе од 10.000 мегават-часови топлинска енергија за домаќинствата во околните населби, компании и училиштата, како и околу 2.300 тони технолошка пареа потребна за производствените процеси на правните субјекти во железарскиот комплекс. Остварена реализација од планот за производство во сезонскиот период октомври 2019 - април 2020 е 85 отсто.

Во АД ЕСМ искажуваат задоволство од работата на заживеаниот енергетски капацитет во својата прва сезона кај „новиот газда“. Преку „Когел“ со парно греење се снабдуваат околу 3.500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и градинки, како и повеќе од 75 правни субјекти од населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром. Во иднина се очекува поврзување со новоизградените објекти во населбите Хиподром, Бутел и Чаир.

Централата се состои од 10 гасни мотори со вкупна електрична моќност од околу 30 мегавати, што можат да оддадат топлинска моќност од околу 26 мегавати. При евентуален недостаток на електрична енергија од останатите капацитети како што се термоелектраните, хидроелектраните, истата може за брзо време да се стави во функција и да произведува струја затоа што работи на гас. На пазарот на електрична енергија нуди техничката сигурност во исполнувањето на договорите без да се прават големи отстапувања.

Точно пред 11 години на 19 мај 2009 во „Рудници и Железарница“ беше пуштена во употреба универзалната централа како прв комерцијален проект за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија на природен гас, а доби и меѓународна дозвола да тргува со јаглерод диоксид.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција